20 Неверојатни места кои ја одбележаа 2014 година – ДЕЛ 1

AI PIOPPI  – Детско игралиште  – Тревисо, Италија

40 годишен животен проект на еден човек чија креативност и имагинација создале приватно игралиште во шума во Италија, рачно изработенo, кое работи без употреба на електрична енергија. Импресивно!

3fd3f5adb18786d179_6305186087_9fd8fa8966_b

Напуштениот MARX генератор – Сичевка, Русија

Громобранска машина изградена во времето на Советскиот Сојуз во 1970-те, позната како генераторот на Маркс. Се наоѓа во напуштено село во близина на Москва, а од неодамна е повторно рестартирана и пуштена во употреба.

High Voltage Research Installation with Tesla generators 

Тајниот апартман на Густав Ајфел – Париз, Франција

Дури и најпознатите дестинации во светот имаат свои тајни. На третото ниво на Ајфеловата кула во Париз е конструиран приватен апартман за Густав Ајфел самиот да се забавува со француската научна елита. Овој апартман неодамна беше отворен за посетителите да можат да го погледнат.

f5d918c04944d21271_3384390462_fba35d1abc_b 

Рачно резбани пештери РА PAULETTE’S – Калиенте, Ново Мексико

Уметникот Ра Paulette има поминато повеќе од 25 години во резбање на оваа пештера, лоцирана во Ново Мексико, со цел да инспирира медитација.

121040593ee11466a4_IMG_0006 

GOA GAJAH – Убуд, Индонезија

Усниот отвор на  Goa Gajah, води во древен индонезиски храм, познат како “Слон-пештерата”, каде не постојат никакви слонови, но постојат многу неверојатни чудовишта резбани на камен. 

94682ee48b2891b848_6201436303_027d8ca945_b 

Хеликс – Каракас, Венецуела

Хеликсот беше замислен да биде точка на гордоста на Венецуела, зграден во далечната 1960-та година, со замисла за модернистички трговски центар на врвот со купола. Работите тргнале во непосакуваниот правец, откако финансиските фондови за негова изградба биле целосно испразнети, па денес се користи како затвор и канцелариски простор за тајните служби на полицијата.

f9e80382ddbabcf291_Helicoide_roca_tarpeya_caracas 

Мотелот КЛОВН –  Тонопа, Невада

Сме виделе многу застрашувачки работи, но овој мотел веројатно би бил победник во натпревар за хорор. Сместен на работ на пустината Невада, украсен единствено со илјадници кловнови и со поглед на напуштени гробишта. Би дале ли долар за едно вакво место?

6890581490_0cc1a9097d_b 

PRORA – островот Риген, Германија

Изградено со цел да биде нацистичко одмаралиште со 10.000 соби, во Втората Светска Војна е напуштено и денес полу-изградените остатоци од овој комплекс, демнат на брегот.

f4df883d4e07be9f85_1200px-Prora,_KdF-Bad_(2011-05-21)_5

Куќа на иднината – Ројс Сити, Тексас

Идејата е на финскиот архитект Matti Suuronen, датира од 1960-тите, а замислата за оваа куќа на иднината била архитектура од префабрикувани НЛО објекти кои би можеле да се користат за секојдневни човечки потреби и живеење. Биле изградени помалку од 100 вакви објекти, а ретко кои преживеале и се користат активно.

f1ff0453c0ec4e04b5_AA307699

Crossness пумпна станица – Лондон, Англија

Лондон во 1858 година бил поразен од „Големата смрдеа”, каде канализација била заглавена во реката.  Crossness пумпната станица, изградена во Викторијански стил од железни делови, го спасила градот од неподносливата смрдеа.

82b4892da116e5aacd_15108602712_4cc585a2d7_k

 

 

 

 

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.