‘Рчите ли?

Не постои ништо подобро од спиење под пријатна покривка, по долг и напорен ден. Доколку сте навистина заморни, постои можност да заспиете и на фотелјата додека гледате телевизија, или пак на задното седиште од вашиот автомобил, додека патувате дома од фудбалски тренинг.

За добар одмор, вообичаено се потребни мир и тишина. Се разбира, постои едно нешто кое може да го наруши и одолговлечи вашиот одмор – ‘Рчењето!

Доколку познавате некој кој ‘рчи, тогаш знаете за што станува збор. Кога некои поединци спијат, испуштаат чудни, назални звуци, задржувајќи ги останатите луѓе будни. Но, некои поединци ‘рчат толку гласно, што би можеле да ги чуеме и во соседната соба.

Сите ‘рчиме одвреме – навреме. За некои луѓе, ‘рчењето е периодичен проблем кој потешко им дозволува ним и на оние околу нив, да заспијат. Но, ‘рчењето може да биде и симптом на некои посериозни здравствени проблеми.

‘Рчењето се појавува кога воздухот низ нашиот нос и нашата уста, не се движи слободно за време на спиењето. Разни делови од нашата уста и грло, вклучувајќи ги јазикот, мекото непце, увулата, крајниците и аденоидите, вибрираат при дишењето создавајќи уникатен звук кој нам ни е познат како ‘рчење.

Постојат најразлични причини кои предизвикуваат ‘рчење. На пример, алергиите можат да го затнат вашиот нос и да предивикаат ‘рчење. Настинките и инфекциите, можат да предизвикаат ‘рчење преку затнување на носните и дишни патишта или преку отекување на крајниците и аденоидите.

‘Рчењето може да се предизвика и од прекумерна тежина. Додавањето на телесна тежина, може да предизвика стеснување на нашите дишни патишта и да доведе до ‘рчење. Со прекумерната тежина може да се доведеме и до посериозна состојба, наречена ноќна апнеја. Апнејата, при спиење, предизвикува направилно дишење кое доведува до ‘рчење.

Доколку ‘рчењето е предизвикано од сезонска алергија или настинка, има голема веројатност тоа да се повлече штом здравјето започне да се подобрува. Доколку е предизвикано од прекумерна тежина, решението е да се намалат неколку килограми.

д-р. Ото Јури

Професорот Ото Јури е училишниот лекар и главен на училишната лабораторија. Постојано е ведар, расположен и професионален во својата работа, бидејќи голем број од учениците имаат голем страв од лекари.