Колку долго може да преживееме без вода?

Луѓето можат да живеат со недели без храна. Но, без вода…тоа е веќе друга приказна.

Две третини од тежината на човечкото тело се состои од вода. На луѓето им е потрeбна вода за циркуација на крвта, за дишење и за претворање на храната во енергија. Водата е една од најважните хранливи материи во човечкото тело.

Нашето тело постојано губи вода: преку потење, мокрење, па дури и преку дишење. Мораме постојано да ја надополнуваме изгубената вода за да можат нашите органи да функционираат правилно.

Дехидрацијата настанува кога нашето тело нема доволно вода бидејќи не внесуваме доволно потребна количина. На пример, возрасен човек може да изгуби околу 2 литри вода преку потење. Дехидрација може да настане и во услови на големи топлини. Но, изненадувачки е тоа што можеме да дехидрираме и на многу ладно време. Студениот воздух не може да задржи доволно влажност и со секој здив што го земаме – дехидрираме. Иако помалку се потиме за време на студените денови, течностите ни се подеднакво потребни.

Колку долго можеме да преживееме без вода? Луѓето со добра здравствена состојба и во услови на умерено време, веројатно би можеле да издржат од три до пет дена без вода. Научниците сметаат дека во текот на денот треба да пиеме по осум чаши вода.

Камилите се познати по тоа што можат да издржат долг временски период без вода, иако живеат во пустина. Камилите во пустината Сахара, за време на зимскиот период, можат да издржат дури и шест месеци без вода. Како ли им успева тоа!? Некои луѓе веруваат дека камилите ја складираат водата во нивната грпка,но тоа не е вистина. Во грпките се наоѓа сало кое им овозможува долго време да останат без храна.

Камилите можат да издражат многу подолго без вода затоа што нивната внатрешна температура се менува. Тоа им овозможува да издржат многу високи температури без да се потат. Крвните клетки на камилите, помагаат при циркулацијата на крвта и не дозволуваат крвниот притисок да опадне во недостаток на течности. Ова се факторите кои им овозможуваат на камилите со денови да преживеат во пустините без вода.

д-р. Ото Јури

Професорот Ото Јури е училишниот лекар и главен на училишната лабораторија. Постојано е ведар, расположен и професионален во својата работа, бидејќи голем број од учениците имаат голем страв од лекари.