Дали нaшиот срцев орган е во форма на срце?

Традиционалната форма на срцето не е многу слична со нашиот срцев орган.

Некои веруваат дека традиционалниот облик на срце наликува на срцето на кравата, но дури и таа сличност не е многу голема.  Други веруваат дека традиционалниот облик на срцето потекнува од обликот на семето од растението силфиум (silphium). Ова скапоцено растение се користело како лек против кашлица и за разни болки, а се верувало и дека има љубовна моќ. Насекаде се раскажувало за неговата моќ – по александриските пазари, во римскиот колосеум, во дворските палати, по пустините и персиските шатори, па дури и меѓу индиските махараџи. Силфиумот, во форма на срце, бил претставен и на старите сребрени и златни монети. Денес, формата на срцето претставува симбол за љубов.

Нашиот срцев орган е мускул со големина на нашата тупаница. Тоа се наоѓа малку лево од средината на градите и е најважен мускул во телото. Срцето постојано работи,  се стегнува и опушта, со тоа што пумпа крв низ целото наше тело.

Срцето е составено од четири комори: две се наоѓаат на врвот (наречени преткомори) и две на дното (наречени комори). Тие се одделени едни од други со дебел ѕид од мускули наречен септум. Специјалните вентили во срцето се отвораат за крвта да минува низ телото, а потоа брзо се затвораат за да се задржи крвта и да не протече наназад.

Срцето пумпа крв низ телото и таа патува низ крвни садови, кои се нарекуваат артерии и вени. Овие крвни садови, заедно со срцето и белите дробови, го сочинуваат циркулаторниот систем на нашето тело.

д-р. Ото Јури

Професорот Ото Јури е училишниот лекар и главен на училишната лабораторија. Постојано е ведар, расположен и професионален во својата работа, бидејќи голем број од учениците имаат голем страв од лекари.