Што е астрономија?

Што е астрономија?

Дали некогаш сте чуле за Никола Коперник? За Галилео Галилеј? Знаете ли кој е Едмунд Халеј? Тие се само дел од низата светски познати астрономи низ историјата. Благодарение на нивните доследни астрономски откритија и набљудувања, биле откриени небесните тела, нивните позиции и движења. Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата … Continue reading »
Соѕвездија

Соѕвездија

Соѕвездија се групи ѕвезди поврзани со замислени линии, кои создаваат имагинарни ликови на небесниот свод. Соѕвездијата биле откривани и пред 6000 години, во периодот кога луѓето започнувале да се занимаваат со земјодество. За што ли служат соѕвездијата? Во идеални услови е возможно да забележиме од 1000 до 1500 ѕвезди, без никакви оптички помагала. Без поделба … Continue reading »
Можеме ли да ја забележиме месечината за време на денот?

Можеме ли да ја забележиме месечината за време на денот?

Дали некогаш сте застанале и сте се загледале во попладневното небо? Во некој момент, веројатно сте забележале дека можете да ја здогледате Месечината во текот на пладнето. Сте си помислиле ли дека тоа е малку чудно, штом Месечината може единствено да биде видена навечер? Месечината не е ниту ѕвезда, ниту пак минијатурна верзија на Сонцето. … Continue reading »
Супернова

Супернова

Ѕвездите, заедно со нашето Сонце, го исполнуваат универзумот. Обвивката на ѕвездите постојано го претвора водорот, нејзиното гориво, во елементот хелиум. Овој процес, наречен нуклеарна фузија, овозможува ѕвездите да светат во нивниот сјај. По милиони години горење и светење, ѕвездата го троши своето водородно гориво. Штом престане нуклеарната фузија, гравитацијата ја повлекува ѕвездата кон внатрешноста. Ѕвездата … Continue reading »
Црна дупка

Црна дупка

Ѕвездите се масивни небесни тела, создадени главно од водород, кои произведуваат енергија преку нуклеарна фузија (соединување на јадра и елементи). Штом ѕвездата ќе ја потроши сета своја енергија, експлодира во супернова. Од остатокот на ѕвездата се формира неутронска ѕвезда. Штом огромните неутронски ѕвезди, ја потрошат својата енергија и не можат повеќе да ја одржуваат својата … Continue reading »
Дали ѕвездите паѓаат?

Дали ѕвездите паѓаат?

Ѕвездите и планетите не се единствените нешта кои лебдат во вселената. Постојат и други небесни тела. Некои од овие небесни тела се мали како честички прашина, а некои пак се многу големи. Метеори се оние светлосни појави кои ги нарекуваме „ѕвезди што паѓаат“. Но, тие немаат никаква поврзаност со ѕвездите, освен волшебниот сјај. Метеорот настанува со … Continue reading »