„Немаме работа. Си садиме малко тутунче.“ –   предавање на д-р Миладина Монова

„Немаме работа. Си садиме малко тутунче.“ – предавање на д-р Миладина Монова

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) го најавува предавањето на д-р Миладина Монова насловено: „Немаме работа. Си садиме малко тутунче: Економија на домаќинствата и ритуални прослави во македонски град.“ Предавањето ќе се одржи во кафе-книжарницата Магор, на 19 јули 2014, со почеток од 20 часот. Предавањето ќе биде на англиски јазик, без обезбеден превод. Оваа презентација ги … Continue reading »
Carnage Dominion во живо на Канал 103

Carnage Dominion во живо на Канал 103

Недела, 22 јуни. 22 часот Во најновото издание на радио серијалот Ако никој не свири… во глувата соба на Канал 103 концерт ќе одржи скопскиот метал бенд Carnage Dominion. Овој состав постои од 2008 година и зад себе има скромна дискографија од  два самостојно издадени синглови. Жанровски покриваат повеќе стилови од спектарот на т.н. „екстремен … Continue reading »
Концертна промоција на К.Н.Н.Т. – Нежно EP [Шарла EP Клуб CD005]

Концертна промоција на К.Н.Н.Т. – Нежно EP [Шарла EP Клуб CD005]

Овој петок, 13ти, на домашен терен, во просториите на Кула, во 21:00, К.Н.Н.Т.  концертно ќе го промовираат своето ,,Нежно EP’’. По „Деца во длабоко“ на Пиколомини, „Свети Никола Тесла“ на Коридор 10, „Музика за неснимен краткометражен филм“ на Mammoth & Jashem и „EP I AM“ на Sweet Rapscallions, петтото издание на Шарла, „Нежно EP“ на … Continue reading »
Стотројка го слави својот 23-ти роденден!

Стотројка го слави својот 23-ти роденден!

23 години искра светлина од мрачните лавиринти на МРТВ зрачи во етерот. 23 години во кои култното скопско радио станува носечкиот столб на домашната независна музичка сцена. Стотројка организира роденденска дружба во чест на истата. 1-ви мај 1991 година е денот кога Канал 103  ја започнува својата приказна. 23 години подоцна, 30 април 2014, со почеток од 18.00 часот, … Continue reading »
EP I AM – деби EP на Sweet Rapscallions [Шарла CD 004]

EP I AM – деби EP на Sweet Rapscallions [Шарла CD 004]

Во петок, 11.04.2014, со почеток од 21.30 часот, во Ла Кања во Старата скопска чаршија ќе се одржи промоција на четвртото издание на Шарла EP Клубот, деби EP на Sweet Rapscallions – насловено EP I AM. Неуморно трагајќи по нови музички имиња Шарла полека, но сигурно го трасира својот пат, презентирајќи ни’ автентични, несекојдневно спакувани, квалитетни … Continue reading »
„Луѓе како нас“ – ден посветен на планинското трчање

„Луѓе како нас“ – ден посветен на планинското трчање

Со голема поддршка од  „Планинскиот филмски фестивал Ехо“, во соработка со здружението TREX и ПСД Макпетрол, на 4-ти Април се организира настан кој ќе биде целосно посветен на планинското трчање. Настанот ќе се одвива во кино Фросина во Младинскиот Културен Центар, со почеток од 18 часот и ќе биде одлична можност за промоција и подобро … Continue reading »
Земјотрес 2 – Фестивал на независна музика

Земјотрес 2 – Фестивал на независна музика

21 изведувач, 9 независни издавачки куќи, 3 стејџа, 1 локација… Земјотрес 2 – фестивал на независна музика! Во сабота,  1 февруари 2014, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи вториот по ред фестивал на независна музика – Земјотрес 2. Ентузијазмот, радоста и позитивната енергија, по минатогодишната прва инсталација на овој фестивал беа очигледни, како кај … Continue reading »
ЦИНИК – Дискусија за антинационализмот на балканот

ЦИНИК – Дискусија за антинационализмот на балканот

На 01. 02.2014 (сабота), со почеток од 18.00 часот, во кафе Менада, во Старата скопска чаршија ќе се одржи дискусија на тема „Антинационализмот на Балканот: теорија и практика“, во организација на ЦИНИК – центар за истражување на национализмот и културата. На настанот ќе земат учество: Чавдар Маринов, историчар и научен соработник во реномираната Ecole Française d’Athénes, автор … Continue reading »
Фенер – Меѓународен фестивал за куклен театар

Фенер – Меѓународен фестивал за куклен театар

Овој викенд, 29 ноември – 1 декември, ќе се одржи вториот по ред Меѓународен фестивал за куклен театар – Фенер. Фестивал посветен на радоста на децата. Најавени се две прекрасни куклени претстави од далеку и една од домашна продукција. Во текот на трите фестивалски дена, од 16.30 до 18.30 часот, ќе бидат поставени и детски … Continue reading »