Како нурка подморницата?

Како нурка подморницата?

Основниот принцип кој и овозможува на подморницата да нурне под површината на водата или да исплови на површината, е многу едноставен. Поголемиот дел од современите подморници имаат два трупа или корита. Водениот товар е сместен помеѓу внатрешното и надворешното корито, во простор сличен на шуплината која се наоѓа помеѓу две лушпи. Кога подморницата е спремна … Continue reading »
Што е Голфска струја?

Што е Голфска струја?

Под морска струја се подразбира хоризонталното движење на морската вода, во вид на бавно течење на реки без брегови, во океаните и во морињата. Морската, или океанската струја може да има огромни димензии, од неколку десетици до стотици километри широчина и илјадници километри должина. Зависно од темепратурата на водата постојат топли и ладни морски струи. … Continue reading »
Зошто снегулките имаат шест краци?

Зошто снегулките имаат шест краци?

Снегот е само замрзната вода. Па зошто тогаш не наликува на лед? Во секоја снегулка има голем број ледени кристали, па одбивањето на светлината од нивната површина прави снегулките да изгледаат бели. Снегот се создава кога во атмосферата замрзнува водената пареа. Тогаш настануваат мали, минијатурни кристали, бистри и провидни, невидливи со голо око. Со оглед … Continue reading »
Што е тоа жив песок?

Што е тоа жив песок?

Луѓето со векови стравувале од живиот песок, затоа што се верувало дека ги вовлекува своите жртви додека целосно не потонат. Но, ова не е точно. Ако некој знае како да постапи кога ќе пропадне во жив песок, тогаш сето тоа воопшто не е опасно. Живиот песок е лесен, растресит песок помешан со вода. Тој на … Continue reading »
Зошто ни се збрчкува кожата во вода?

Зошто ни се збрчкува кожата во вода?

Се чини дека науката конечно најде одговор на прашањето зошто кожата на нашите дланки и стапала наликува на суво грозје после долг туш, и зошто всушност е тоа корисно. Според една студија, неодамна направена на еден британски универзитет (Newcastle University), збрчкувањето на кожата на прстите им овозможува на луѓето полесно да фатат и задржат влажни … Continue reading »
Kајак и кану?

Kајак и кану?

Која е разликата меѓу кануто и кајакот? Кануто и кајакот се чамци со лесна тежина кои се користат и возат по води. Се движат со помош на посебни весла со две лопатки. Покрај спортски активности, кануто и кајакот служат и за разни рекреативни активности, како риболов. Можат да пловат и по плитки води. Постојат неколку … Continue reading »
Можат ли пливачите да дехидрираат?

Можат ли пливачите да дехидрираат?

Скок во вода, за време на топол летен ден. Одлично чувство! Веднаш штом се фрлиме во водата, телото започнува одеднаш да се освежува. Но, доколку сме дел од пливачки тим, водата не секогаш ни се чини толку освежителна и забавна како во моменти на забава. Натпреварувачкото пливање е многу енергична форма на вежбање. Тоа станало … Continue reading »
Може ли солената вода да замрзне?

Може ли солената вода да замрзне?

Кога доаѓа ладната зима, температурите опаѓаат и голем број потоци, реки и езера можат да се претворат во замрзнати површини по кои можеме да лизгаме! Но, што се случува со морињата и океаните? Доколку некогаш сте биле во можност да видите некое море или пак океан во зима, веројатно сте забележале дека тоа не замрзнува … Continue reading »
Колку долго може да преживееме без вода?

Колку долго може да преживееме без вода?

Луѓето можат да живеат со недели без храна. Но, без вода…тоа е веќе друга приказна. Две третини од тежината на човечкото тело се состои од вода. На луѓето им е потрeбна вода за циркуација на крвта, за дишење и за претворање на храната во енергија. Водата е една од најважните хранливи материи во човечкото тело. Нашето тело постојано губи вода: преку потење, мокрење, па … Continue reading »
Зошто во зима фрламе сол и песок на улиците?

Зошто во зима фрламе сол и песок на улиците?

Во сад со толпа вода, молекулите на водата се движат слободно и брзо, додека пак во сад со студена или пак замрзната вода тие се движат многу споро и се спојуваат една со друга, формирајќи мраз. Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата, во нормални услови, преминува од течна во цврста агрегатна состојба на … Continue reading »