Пинг – понг

Како вечерно хоби на викторијанската класа во Англија, спортот пинг-понг, ги влече своите корени од 1880 година. Во тој период, за играта користеле секојдневни предмети од домот. Поставените книги на масата служеле како мрежа, тапите од шишињата шампањ служеле како топче, а кутиите од цигари служеле како рекети. Кога спортот станал популарен, започнале да се изработуваат рекети од паус-папир.

На почетокот, спортот пинг-понг бил наречен „тенис на маса“. Пред да ја достигне својата популарност, две конкурентски компании започнале да произведуваат опрема за играње: рекети, топчиња и маси. Развиениот бренд на едната компанија, го носел името „Пинг-Понг“, а другиот бил познат под името „Ваф-Ваф“. Од двете компании, успехот го стекнала онаа со брендот под името „Пинг-понг“, бидејќи тоа ономатопејско име подобро го имитирало звукот при отскокнувањето на топчето, во контакт со рекетот, или со масата.

Пинг-понг е спорт во кој се натпреваруваат двајца или четворица играчи, чија задача е да го префрлаат шупливото топче преку ниската мрежа, од едната страна на масата кон другата. Топчето мора најпрво еднаш да отскокне во полето на играчот кој сервира, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот. Пинг-понг шупливото топче е лесно, целулоидно топче, во бела или жолта боја. Рекетите за пинг-понг, првично биле изработени само од дрво и од 1920 година, на нив започнала да се лепи гума за да се постигне подобра ротација на топчето.

Пинг-понгот се игра на правоаголна маса, со ширина од 1.525 метри, должина од 2.74 метри и висина од 76 сантиметри. Површината на масата е во темнозелена или темносина боја, направена од дрво, или пластика. Масата е поделена на два дела преку трансверзална мрежа, висока 15.26 сантиметри. Краевите од масата се нацртани со бели линии, кои ја ограничуваат површината каде топчето смее да скокне во текот на играта.

Според старите правила, играта се играла до освоен 21 поен и секој играч сервирал пет пати по ред. Денес, пинг-понгот се игра до освоени 11 поени и се сервира два пати по ред. Се игра на четири добиени сета, до 11 поени. Минималната разлика мора да биде два поени во однос на противникот.

Измислен во Англија, на почетокот на ХХ век, пинг-понгот се проширил низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станал доминантен во источно – азиските земји, а од 1988 година е прогласен за олимписки спорт во конкуренција за мажи и жени.

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.