Од кога постои куглањето?

Најверојатно една од првите игри за која се досетил човекот, било тркалањето на некаков округлест предмет, со цел да се турнат повеќе други предмети кои стоеле на спротивниот крај.

Во една детска гробница од стариот Египет, од пред 7000 години, пронајден е прибор кој се користел за играње на некаква игра, многу слична на денешното куглање. Дури постојат и докази кои говорат дека и во камено доба постоела некаква врста на куглање, а се состоела од фрлање голем чакал и садови од камен, на шилести камења кои се користеле наместо кегли.

Според записите, се смета дека куглањето настанало во европските манастири како дел од верските ритуали, пред околу 700 години. Селаните во таа доба обично со себе носеле тојаги (дебели стапови), дури и за време на одењето во црква. Свештениците тогаш им зборувале дека тојагите можеби биле олицетворение на ѓаволот и злото. Од тие причини, ги поставувале тојагите во некој агол, а селаните фрлале големи камења или топки на нив. Доколку погоделе биле јавно пофалувани, а доколку промашеле биле советувани да водат попримерен живот. Набрзо и самите свештеници ги привлекла помислата да ја каменуваат тојагата, која ја нарекувале кегла. Откако еднаш пробале, им се допаднало и започнале сé почесто да го практикуваат овој ритуал. И така настанала оваа нова игра.

Нешто подоцна, играта била прифатена од племенството и поимотните сталежи. Во средниот век во Германија, куглањето било една од омилените игри. Откако се проширила и на територијата на Англија, побудила голем интерес кај народот и кралот Хенри VIII, во 1530 год., наредил во неговиот двор да се направат стази за куглање.

Куглањето со 9 кегли кое денес се игра во САД, било донесено од Холандските населеници.

Во мај 2013 година, во Залаегерсек, Р. Маџарска, се одржа Светското првенство во класично куглање, каде Македонската репрезентација го освои сребрениот медал. Тоа е воедно првиот освоен медал на светско првенство, како екипен спорт на ниво на репрезентација.

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.