На колку начини можеме да трчаме?

Врзете ги патиките! На денешниот час откриваме посебни видови на трки, кои вежбањата и тренинзите ги прават мошне авантуристички!

Сакате ли да трчате? Некои луѓе обожаваат кратки, рекреативни трчања или пак долги трчања во свежите утра.

Други пак толку уживаат во трчањето, што тоа станува нивно омилено хоби. Оние кои уживаат во трчање на долги патеки, често тренираат и се подготвуваат за маратон. Маратон е трка на патека долга 42.195 километри, воведена на летните Олимписки Игри, 1896 година. Името „маратон“, потекнува од легендата за грчкиот војник, кој трчал од градот Маратон до Атина, за да даде известување дека Персијанците биле поразени во Маратонската битка.

Но, трчањето по долги патеки не е единствениот начин за уживање во овој спорт. Некои луѓе уживаат во трчање на пократки патеки, на пример, во 5К трки, односно трки на 5000 метри.

Сепак, постојат луѓе за кои трчањето е уживање без оглед на дожината на патеката. Низ светот постојат најразлични, нови типови на трчања и трки. Дали некогаш сте чуле за „Трки во боја“? Овие оригинални трки се концентрираат повеќе на забавно, шарено и интересно трчање со пријателите и фамилијата, одошто на трка.

Тркачи во боја можат да бидат сите. Сите ја започнуваат трката со бели блузи, на линијата за старт. По истрчани 5 километри, сите тркачи изгледаат како да се судриле со виножито! Додека трчаат, тие се мета на публиката, која ги нишани со правови во најразлични бои.

Доколку „Трките во боја“, не ви звучат посебно, можеби повеќе би ви одговарала „Зомби трка“?! Во овие трки, волонетри позираат и се преправаат во зомби, долж целата трка. Единствената задача на тркачите им е безбедно да стасаат до целта заедно со неколкуте знаменца кои им се врзани за појасите и ја симболизираат нивната енергија. Тркачите мора да ги одбегнуваат зомбијата по патеката, кои често знаат да бркаат или да се обидуваат да ги грабнат знаменцата.

Доколку тркачите стасаат на целта, барем со едно знамеце, успеваат да ја завршат трката – односно да преживеат. Доколку не, стануваат дел од зомби бандите.

Доколку трки со бегства од зомби не е баш ваш стил, можеби повеќе ќе ви одговара забава во кал! Во голем број земји низ светот, редовно се одржуваат „Трки во кал“. Овие забавни трки, вклучуваат и пречки со предмети, како бали со сено, качувања по ѕидови, поминувања низ тунели и прескокнувања јами со кал.

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.