Можат ли пливачите да дехидрираат?

Скок во вода, за време на топол летен ден. Одлично чувство! Веднаш штом се фрлиме во водата, телото започнува одеднаш да се освежува.

Но, доколку сме дел од пливачки тим, водата не секогаш ни се чини толку освежителна и забавна како во моменти на забава. Натпреварувачкото пливање е многу енергична форма на вежбање. Тоа станало популарно во периодот на XIX век и целта била пливачот да победи во пливачката трка против своите противници. Во пливање се натпреваруваат машките и женски пливачи, на летните Олимписки Игри. Олимписките натпревари се одржуваат во 50–метарски базен, наречен базен со долг курс. Постојат и натпревари во кратки базени, кои се карактеристични за светските пливачки првенства, со должина од 25 метри.

Во натпреварувачкото пливање биле утврдени четири големи стилови, кои во текот на годините претрпеле мали промени и подобрувања. Четирите главни пливачки стилови се: пливањето во слободен стил, градно пливање, грбно пливање и пеперутка.

Но, дали некогаш сте приметиле дека додека континуирано пливаме, започнуваме да ожеднуваме. Чудно. Опкружени сме и потопени во вода, а исушени одвнатре. Тоа доживување се нарекува дехидрација, односно одземање или губење на водата од телото или ткивата.

Пливањето е физичко вежбање и нашето тело се поти во водата, исто како да сме трчале или да сме играле некој друг спорт. Бидејќи овој спорт се одвива во вода, вообичаено не приметуваме дека се потиме. Како резултат на тоа, може да не приметиме дека дехидрираме.

Како што нашето тело се поти за време на пливањето, мораме да ја за надоместиме изгубената количина на вода. Нашите мускули комуницираат со мозокот, испраќајќи му порака дека сме жедни. Телото не ја апсорбира водата како сунѓер и затоа мора правилно да го снабдуваме со течност.

Но, немојте скришно и намерно да голтате вода од базените, езерата или морињата, бидејќи организмот не е научен да прима вода од такви извори.

http://www.youtube.com/watch?v=2alP2ZlmmFA

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.