Летање со летачко одело

Летањето со летачко одело (анг. Wingsuit flying) е спорт кој подразбира летање со човечкото тело низ воздух, со користење на специјален костум за скокање, наречен летачко одело. Ваквиот костум ја дополнува површинската зафатнина на човековото тело, што овозможува значајно да се зголеми подигнувањето при летот. Модерните летачки одела, за прв пат направени во доцните 90-ти, ја создаваат површинската област со материјалот кој е поставен меѓу нозете и под рацете. Летачкото одело некаде се среќава и под други имиња. Се нарекувало костум човек-птица (по изработувачите на првото комерцијално достапно летачко одело), костум летачка верверица (ова се должи на сличноста со животното), или костум лилјак (како резултат на сличноста со лилјакот, или можеби суперхеројот Бетмен).

При летањето со летачко одело, на крајот вообичаено се отвора падобран. На тој начин, со оделото може безбедно да се одлета од било која точка, која обезбедува доволно висина за летот и отварањето на падобранот. Обично скоковите се изведуваат од авиони кои се наменети за небесна акробатика, или од т.н. BASE точки на скокање и излетување. BASE е акроним кој се однесува на четирите категории на фиксни објекти од каде може да се скока – зграда, антена, ратојание во просторот (мост, траверса итн.) и земјина површина (Building, Antenna, Span and Earth).

Летачите имаат на себе опрема за падобран, специјално дизајнирана за BASE скокови и небесна акробатика. Спуштањето со падобранот е нормално, но бара дополнителен напор од небесниот пилот, при откопчувањето на патентот на крилјата на рацете, за да се овозможи целосна нивна мобилност, неопходна за безбедно слетување.

Крилата за прв пат ги употребил 19-годишниот Американец Rex G. Finney од Лос Анџелес, Калифорнија, во 1930 год., како обид за зголемување на хоризонталните движења и маневрирачките способности. Првобитните летачки одела биле изработени од материјали како грубо шаторско платно, дрво, свила, челик, па дури и рибини коски. Но, истите не биле многу сигурни. Некои летачи се жалеле на предолгото лизгање. Костумите за прв пат јавно биле прикажани во филмот „Циганските молци“ од 1969 година, во кој главните улоги ги толкуваат Барт Ланкастер и Џин Хекман. Кон средината на 90-тите се родило современото летачко одело, за чиј „татко“ се смета Французинот Патрик ДеГајардон (Patrick DeGayardon).

Летањето со летачко одело додава значајна комплексност на небесната акробатика. Падобранската асоцијација на САД (USPA), бара секој скокач кој лета со летачко одело за прв пат, да има изведено минимум 200 слободни падови со падобран, направени во последните 18 месеци и да добива еден-на-еден инструкции од искусен летач, или да има искуство од изведени 500 скокови доколку лета без инструктор. Барањата и во другите нации се слични. Исто така, и производителите на летачки одела нудат тренинг курсеви и обучени инструктори, а бараат и минимален број на изведени скокови за да се купи едно такво летачко одело.

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.