Крикет
Дали знаете дека топката за крикет е направена од плута и волна, обложена со црвена кожа?

Крикетот е игра која ја играат две екипи со по 11 члена. Екипите се менуваат во улога на удирачи и чувари на полето. Еден натпревар, понекогаш може да трае и пет дена.

Во текот на секое коло, удирачката страна се обидува да освои бодови со трчање помеѓу порти, додека пак чуварите на полето се обидуваат да ги срушат портите. Портата се состои од три летви на кои се поставени две пречки. На теренот постојат две порти, поставени на растојание од 20.12 метри. Тој простор се нарекува поле. Онаа страна на ливадата која се наоѓа зад удирачот, се вика онсајд, а просторот пред удирачот се вика офсајд.

Играчите, по традиција, носат бела или пак светла облека. Носат заштитни шлемови од фиберглас или пак од метал. Ракавиците на играчите даваат добра заштита и сигурност при зафаќањето и замавнувањето со палката. Палката е изработена од дрво (врба). Должината на палката е 96.5 сантиметри.

Задачата на удирачот е да ја брани портата и да изведува трикови. Удирачот ја држи палката со двете раце. Мора добро да го процени фрлачот, да ја следи топката и во одреден момент да одлучи како да го изведе ударот.

Фрлачите се менуваат во фрлањето по 6 или 8 топки на едната или другата порта. Со дел од стапалото од предната нога, мора да останат надвор од линијата. Фрлачите често ја тријат топката од пантолоните, со цел да ја вжештат и замазнат едната страна. На тој начин, топката во воздухот дава додатна ротација или замав. За да бидат поуспешни, фрлачите се служат со различни техники. Додека брзиот фрлач ја користи брзината и замавот, другиот може да се труди да го збуни удирачот со спин.

Бодовите се постигнуваат за следните акции:

 • 1 бод (трк) - кога двајца играчи ќе истрчаат до спротивната порта
 • 1 бод: фрлачот ја преминува линијата или непрописно ја фрла топката
 • 1 бод - непогодена топка: топката е фрлена превисоко или предалеку од портата
 • 4 бода: топката стигнува до границата одкако ќе ја допре земјата
 • 6 бода: топката стигнува до границата без да ја допре земјата.

Најголемиот број срушени порти, 19 со 20 бода, ги постигнал Џим Лејкер во средбата Англија – Австралија во 1956 година. Првиот удирач кој постигнал шест шестки во една игра, е сер Гарфилд Сноуберс на натпреварот помеѓу Нотингемшир и Гламорган, одржан 1968 година во Свонси, Велс.

 

Крикет
Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.