Kајак и кану?

Која е разликата меѓу кануто и кајакот?

Кануто и кајакот се чамци со лесна тежина кои се користат и возат по води. Се движат со помош на посебни весла со две лопатки. Покрај спортски активности, кануто и кајакот служат и за разни рекреативни активности, како риболов. Можат да пловат и по плитки води.

border

Постојат неколку разлики меѓу спортските кајаци и кануа. Во кануто, веслачите се клекнати на своите коленици, додека пак во кајакот се седнати на дното од чамецот, а нивните нозе се исправени напред. Веслата кои се користат се исто така различни. Кај кајаците, секој веслач користи весло со две лопатки, додека пак кај кануата – се користи весло со една.

Кану 

Кануто има отворена палуба. Тоа значи дека внатрешноста на чамецот е отворена и откриена. Кајаците, од друга страна пак, имаат затворена палуба, понекогаш обложена со животинска кожа.

Кануто и кајакот имаат и различни намени.

Кануто има за цел да биде корисно, спортстко возило во светот на рекреативото возење чамци. Но, тоа може да пренесе повеќе патници и намирници и е идеално семејствата да го користат за лесно веслање околу мирни езера.

Кајаците се повеќе како спортски автомобили, за разлика од кануата. Тие можат да пренесат помалку патницици и намирници. Но, нивниот елегантен изглед има за цел да ги направи побрзи и подобри во натпреварувачките спортови на вода, како трка со кајак и спуштање по брзи речни бразди.

Кајаците се направени да бидат побрзи и поподвижни, за разлика од кануата. Позади веслата на професионалците, со кану би можеле да патуваме со приближно иста брзина како и со кајак. Кајакот можеби е познат по поголемата брзина, но кануто е познато по својата одлична стабилност и пространост.

Кајак

Овие видови чамци посоеле пред илјадници години. Кајаците биле развиени од староседелците на арктичкиот и субарктичкиот регион – Инуитите, посебно за лов и риболов. Тие се користеле во севроисточните подрачја на Азија, Северна Америка и Гренланд.

Денешните кајаци и кануа се изработуваат по различни димензии и, меѓу другото, се користат и во олиписките спортови како кајак/кану на диви води, односно кајак/кану на мирни води.

Најдобриот македонски кајакар е Атанас Николовски, кој беше дел од македонската олимписка репрезентација за Олимписките Игри во Пекинг, 2008 година.

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.