Кога настанал тенисот?

Некои игри настанале спонтано, додека други се развивале низ годините. Тенисот има долга историја. Познато е дека Грците и Римјаните имале некаков вид на игра со топка, која подоцна ја прифатиле Французите. Една од варијантите на оваа игра ја нарекувале „же де пом“ и се смета дека истата била претходник на денешниот тенис.

Изразот тенис, најверојатно потекнува од францускиот збор тене, што значи „држи, игра“. Некои историчари сметаат дека играта се појавила во Египет и Персија, а се играла и кај арапските народи, пред Карло Велики.

Околу 1300 година, играта била позната и под името ла буд, а веќе во текот на XIV век се играла во цела Франција. Француското племенство било особено одушевено од истата. Дури се знае дека Луј X починал од настинка која ескалирала, а со која се здобил играјќи ја оваа игра.

За тенисот се вели дека е кралска игра, бидејќи француските и англиските кралеви покажувале голем интерес за играта. Во Франција, се сметало дека Анри II бил најдобриот тениски играч, а нешто подоцна, Луј XIV вработил стална послуга, која се грижела исклучиво за неговите тениски игралишта. Терминот тенис, како име на играта, за прв пат се јавува во една книга, објавена во 1400 година. Англискиот крал Хенри VIII, далечната 1529 година, изградил тениско игралиште во Хамптон Корт, игралиште кое и денес постои. Во Соединетите Држави спортот бил „увезен“ преку Бермуда, во седумдесеттите години на минатиот век.

На овие простори, тенисот започнал да се игра дури по 1885 година.

 

tenis

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.