Хет – трик

Голем број млади фудбалери низ светот, го имаат истиот сон: да постигнат три гола во еден натпревар. Фудбалерите како Лионел Меси, Вејн Руни и Кристијано Роналдо на секој натпревар се надеваат дека ќе постигнат „хет-трик“.

Изразот „хет-трик“ потекнува од Англија, од спортот крикет. Во крикетот, изразот се употребувал кога еден играч, три пати по ред ќе успее да одбрани гол. Во период од 1858 година, било обичај на играчите кои постигнале „хет – трик“ во крикетот, да им биде поклонет нов шешир (англ. hat – шешир).

Но, што е со „трик“? Во периодот на 1800 година, магеоничарите биле мошне популарни и измислувале бројни трикови како вадење зајчиња или други предмети од шапки. Бидејќи неверојатните спортски дела, на моменти се чинат магични – а понекогаш бараат и многу среќа – изразот „хет – трик“ се формирал како асоцијација на популарните магиски трикови.

Постои ли нешто подобро од „хет трик“? Се разбира! Спортистите секогаш целат кон подобро.

Во фудбалот „хет – трик без грешка“, се јавува кога еден играч постигнува три последователни гола на еден натпревар, без да биде попречен меѓу головите со други постигнати голови. „Перфектен“ или „златен хет -трик“, се јавува кога играчот постигнува еден гол со левата нога, втор гол со десната нога и третиот гол – со глава!

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=21fSRqiU4ZA

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.