Атлетика

Најдобрите атлетичари, покрај одличните спортски вештини, имаат уште неколку суштински квалитети: достоинство, интегритет, храброст и скромност. Овие квалитети се во целост усогласени со гордоста, амбицијата и одлучноста.

Атлетиката е една од темелните, најраширени спортски гранки, која ја карактеризираат основните човечки движења и која ги опфаќа тркачките дисциплини, скоковите и фрлањата. Поради нејзиниот голем опсег, ја нарекуваме „кралица на спортовите“. Атлетиката е една од најстарите форми на спортски натпревари. Историјата на атлетиката е всушност спортска историја.

Преку атлетските вежби, стекнуваме физичка сила, издржливост, брзина и подвижност, но исто така ја усовршуваме својата храброст, одлучност и упорност. Атлетските дисицплини се одликуваат со моторни движења кои можат успешно да се применуваат при многу други вежби и да помагаат при развивање на општите психо-физички способности кај индивидуалци.

Атлетиката е темелот на сите останати спортови. Започнала како спорт на отворено и се одвивала согласно временските услови. Од 1896 година е вклучена во редовната програма на Олимписките игри.

Стандардната арена за атлетски натпревари е атлетскиот стадион. Интегрирана со фудбалски терен, оваа арена се состои од тркачки круг со 8 кружни патеки. Стандардниот тркачки круг е долг 400 метри. Во внатрешноста на атлетската патека се наоѓаат: теренот за фрлање ѓуле, терените за фрлање кладило и диск, теренот за фрлање копје, скокалиштето за скок во далечина, скокалиштето за троскок, скокалиштето за скок во височина и скокалиштето за скок со стап.

Тркачките дисциплини се одвиваат на атлетската патека:

  • Спринтови: дисциплините од 100 метри, 200 метри и 400 метри;
  • Трки на средни далечини: од 800 – до 1.500 метри;
  • Трки на големи далечини: повеќе од 3.000 метри;
  • Трки со пречки: 100 метри за жени, 110 метри за мажи, 200 метри мажи и жени, 400 метри за мажи и жени и 3.000 метри;
  • Штафети: најчесто се трчаат штафети на 4х100 и 4х400 метри со четири измени;
  • Трки со одење: најчести се трките на 10, 20 и 50 километри.

Фрлачките дисиплини се:

  • фрлање ѓуле,
  • фрлање кладиво,
  • фрлање диск,
  • фрлање копје.

Дисциплините со скокање се:

  • скок во далечина,
  • трискок,
  • скок во височина,
  • скок со стап.

Повеќебојните дисциплини, односно натреварите во повеќе дисциплини се:

  • седмобој – натреварување на жени во седум дисциплини,
  • десетобој – натреварување на мажи во десет дисциплини.

http://www.youtube.com/watch?v=DwULkoXxOoU

Проф. Барба Дукс

Професорот по вештини, Барба Дукс, е човекот кој со еден удар од неговиот џиновски чекан може да направи дупка длабока цели пет метри. Тој е главниот тренер во училишто и најмускулестиот професор.