Зодијак

Зодијакот е замислен појас на небото кој се протега од двете страни на сончевиот пат, како и на патеките на Месечината и на патеките на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн.

Појавата на зодијакот се должи на работата на византиските астрономи. Тие барале начин да ги забележат и прикажат ѕвездите со цел да создадат земјоделски календар, кој би определил кога треба да се садат и берат одредени плодови според природните положби и појави на ѕвездите и соѕвездијата.

Првите астрономи развиле небесен координатен систем благодарение на сончевиот пат во период од една година, наречен сончева еклиптика. Во овој коодринатен систем, ширината се основала на сончевата еклиптика, а должината на сончевата позиција при пролетната рамноденица. Со помош на системот, астрономите ја поделиле должината на небесната површина, на 12 дела. Тие 12 дела се нарекуваат 12 зодијачки, или пак хороскопски знаци.

Зодијакот се распространил низ светските култури. Зборот „зодијак“, потекнува од старогрчкиот збор „zoidiakos“, што знали „мал животински симбол“. Неколку хороскопски знаци имаат симболи на животни.

Но, зодијакот е многу повеќе поврзан со астрологијата, отколку со астрономијата. Астрономијата е наука за небесните тела, вселената и за физичкиот универзум, додека пак астрологијата е повеќе уметност. Астрологијата е збир на верувања и традиции кои се концентрираат на тоа како движењата на ѕвездите и планетите се поврзани со човековото однесување на Земјата. Нашите родендени се поврзани со посебен зодијачки симбол и астролозите сметаат дека карактеристиките на нашата личност можат да се претпостават според начинот на кој биле поставени ѕвездидте и планетите во периодот кога сме биле родени.

Постојат и луѓе кои не веруваат во астрологијата и во ефектите од движењата на планетите и ѕвездите на животот на Земјата. Но, и доколку не верувате во астрологија, проучувањата на зодијакот можат да ви бидат мошне интересни.

Дванаесетте латински имиња на зодијачките симболи и нивните значења се следните:

Проф. Фалкон Код

Професорот Фалкон Код е најмистериозниот професор во училиштето. Потекнува од Египет, од подвижниот остров Хемо, кој постојано плови по површината на водата. На своја пет годишна возраст ги научил сите симболи на египетската хиероглифска азбука. Научил да ги препознава тајните знаци насекаде околу себе: на небото, на земјата, низ пирамидите и во природата.