Тор

Тор (старонордиски Þórr, староанглиски Đunor, стар-горногермански Donar) е еден од најистакнатите ликови во нордиската митологија. Бил еден од главните богови на сите гранки на германските народи, пред нивното преобратување во христијанство, иако врвот на популарноста го постигнал меѓу Скандинавците, на крајот на викиншкото доба.

Wardruna - Heima Thurs

Тор, мускулестиот бог на громот, е архетип на лојален и чесен воин – идеалот кон кој е насочен просечниот човечки воин. Тој е неуморен бранител на групата богови Аесир и нивното кралство Асгард, од загрозувањата од џиновите, кои вообичаено се нивни непријатели.

tormegu

Никој не е посоодветен за оваа задача од Тор. Неговата храброст и чувство на должност се толку цврсти, а неговата физичка сила – практично неспоредлива. Поседува појас на сила Медингјорд и кога го носи ја прави неговата моќ двојно поимпресивна. Најпознатата негова сопственост, сепак, е неговиот чекан, Мјолнир. За Скандинавците, како што громот бил отелотворување на Тор, така молњата била отелотворување на неговиот чекан со кој ги убивал џиновите, возејќи се низ небото со својата кочија влечена од две кози Тандгнјост (Чкрипот) и Тандгриснир (Крцко). Се разбира, не верувале дека тој физички се возел во кочија влечена од кози – како и сè друго во германската митологијата, тоа е симбол користен за да се искаже невидлива реалност врз која се ткаел материјалниот свет.

Посебен непријател на Тор е змијата Јормунганд која ја опколува средната земја и земјата на луѓето Мидгард. Во еден момент од митскиот циклус, за време на едно риболовно патување, Тор се обидува да ја повлече Јормунганд надвор од океанот, но не успева бидејќи неговиот џиновски придружник го сече риболовниот конец од страв. Тор и Јормунганд конечно се соочуваат за време на Рагнарок, кога двајцата меѓусебно си ставаат крај.


Со оглед на неговата постојано будна заштита над космосот, на претхристијанскиот северниот дел на Европа, од силите на хаосот, уништувањето и ентропијата претставени преку џиновите, иронично е тоа што самиот Тор има три-четвртинско џиновско потекло. Неговиот татко, Один има половина џиновско потекло, додека пак неговата мајка, именувана како Јорд (старонордиски „Земја”) или Фјоргин, има целосно џиновско потекло. Сепак, ваква лоза е многу честа појава меѓу боговите и го прикажува односот меѓу боговите и џиновите, како тензичен и полн со судири.

ОСВЕТУВАЊЕ

Неговите боженствени активности, се огледувале по човечките активности, за кои му се обраќале оние кои имале потреба од заштита, удобност, благослов и осветување на места, предмети и настани. Бројни преживеани рунски натписи, го повикуваат Тор да ги освети зборовите и нивната намена. Тој бил повикуваниот кој ги осветувал и свадбите (докази се зачувани и во приказната за Тор, преправен во невеста). Првите доселеници на Исланд, се молеле на Тор да ја освети нивната земја, пред да започнат со изградба на домовите или со садење на култури.

41baf2703f5a47562ef2807175a68f0eЧеканот на Тор можел подеднакво лесно да се користи како за осветување, така и за уништување – и, всушност, овие две својства се едно исто, бидејќи секое прочистување мора да вклучува протерување на непријателските сили или елементи. Благословувањето на свадбите, на пример, било вршено преку неговиот чекан. Можеби ваков, највпечатлив случај, е неговата способност да ги убие и изеде козите кои ја влечат неговата кочија, да ги собере нивните коски во нивните кожи, да ги благослови со својот чекан и да ги врати животните во живот, здрави и витални, како што биле и претходно.

ПЛОДНОСТ И ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Во прилог на неговата улога како воин и бранител на редот на општеството и неговите амбиции, Тор има и голема улога во промоција на земјоделството и плодноста – уште едно проширување на неговата улога како небесен бог,  особено поврзан со дождот. „Велат дека Тор претседава со воздухот, кој ги регулира громовите и молњите, ветровите и дождовите, убавото време и културите“. – Адам од Бремен од XI век.

Неговата ретко спомената жена, Сиф, е позната по златна коса – симбол на житните полиња. Затоа нивниот брак е пример за она што историчарите на религијата го нарекуваат „хиерогамија” (боженствен брак), која, особено меѓу индоевропските народи, генерално, се одвива помеѓу небесен бог и земска божица. Плодноста на земјата и просперитетот на луѓето, се резултат на сексуално соединување на небото и земјата.

УЛОГАТА НА ТОР ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ СВЕТ ОД ВИКИНШКОТО ДОБА

Преку археолошките докази, почитувањето на Тор може да се проследи наназад до бронзеното доба. Неговиот култ поминал низ огромен број пермутации низ времето и просторот. Една од карактеристиките кои останале непроменети од бронзеното време до добата на Викинзите, е улогата на Тор како главно божество од втора класа или „функција” од трите нивоа на општествената хиерархија на традиционалното европското општество – функцијата на воин и воена сила.

(првата функција е онаа на владетелите и суверенитетот, а третата на земјоделците и плодноста)

Се чини дека Тор отсекогаш имал блиска поврзаност со третата функција, како и со втората, а во текот на викиншкото доба, во периодот на голема социјална конфузија и иновациите, оваа врска со третата функција, веројатно уште повеќе зајакнува, правејќи го најистакнат бог меѓу обичните луѓе во Скандинавија и колониите на Викинзите. Оваа улога може да се појасни преку споредба на Тор со бог, кој бил, практично негова спротивност: Один.

noviodinitor

Один бил основно божество кое се однесувало на владетелите, отпадниците и „елитните” личности од секој вид. Основните вредности на Один се сосема возвишени: екстаза, знаење, магична моќ и креативност. Тие стојат во остар контраст со повеќето домашни доблести на Тор. Едите и сагите го прикажале односот помеѓу овие два бога, како почесто тежок. Во еден момент, Один го исмејува Тор:

„На Один се благородниците кои паѓаат во битката, но на Тор се робовите”.

Согласно демографските промени, при што втората и третата функции станаа во голема мера различни една на друга, постоењето на Тор се чини како да се зголемило за сметка на Один, во текот на викиншкото доба (793-1000 г.н.е.). Подоцни извори го опишуваат Тор како основа на сите богови од групата Аесир – изјава која би била прилично смешна пред периодот на Викинзите, кога Один и неговите англо-саксонски и континентални еквиваленти ја окупирале оваа позиција.

torchekan

Овој тренд е најизразен во Исланд, каде првично, во IX век, се населиле земјоделци, колонисти, кои бегале од она што тие го сметале за неподносливо и самоволно владеење на норвешкиот крал, низ обожувањето кон Один. Сагите се полни со примери на страсното почитување на Тор меѓу Исланѓаните, а во исландската „Книга на населби“, околу една четвртина од четири илјади луѓе кои се споменуваат во раскажувањата, го носат името Тор или некоја негова јасна варијанта. Познатиот старонордискиот научник Габриел Турвил-Петре, восхитувачки сумира:

„Во овие извори Тор се појавува, не само како главен бог на доселениците, но и како патрон и заштитник на самата населба, на нејзината стабилност и на законот”.

Има уште една причина за големото обожување на Тор. Кога христијанството достигнало до Скандинавија и до викиншките колонии, луѓето го толерирале култот на новиот бог исто како што би го толерирале култот на било кој друг бог.

(Политеистичките богови се ретко „љубоморни"; божествена сила, на секој од нив, има свое место, а почитта кон едниот, не секогаш значи почит кон секој друг).

Меѓутоа, кога станало јасно дека христијаните немаат намера за ширење на ваква толеранција за оние кои продолжиле да се придржуваат кон обожувањето на старите богови, туку целеле кон искоренување на традиционалната религија на северна Европа и нејзиниот начин на живот за да ја заменат со надворешна религија, северните Европејци се одмаздиле. Кој подобро ќе ја одбранел традицијата и светогледот  од непријателската инвазија, од

novtor


Една од многуте области од животот во кои се манифестира оваа борба – и една од оние кои најлесно се следат со методите на модерната антропологија, во целост – бил стилот. За разлика од крстот како амајлија, кој го носеле христијаните околу вратот, оние кои продолжиле да ги следат старите традиции, започнале да носат минијатурни чекани во облик на чеканот на Тор.

Иако осудени на пропаст, нивните напори за зачувување на својата традиција на претците, имале голема полза од божествениот патрон.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.