Сварог

Прабогот на старите Словени бил изедначуван со небото и огнот – освен неговото именување како Бог, е именуван и со името Сварог. За овој бог, главно зборуваат западнословенските и руски извори. Според нив, тој бил бог на Сонцето и огнот. Сепак, опстојно да се одговори на прашањето: „Кој бил Сварог во словенската митологија?“, според мислењето на повеќе автори, не е едноставно, без оглед на тоа што за него постојат одредени извори.

Култот кон ова божество бил познат кај сите словенски народи и неговото митолошко именување го поврзувале со два лика: Сварог и Сварожич.

Сварог бил еден од оние пагански, словенски богови кој бил најмногу почитуван и нему старите Словени му принесувале жртви од луѓе и од добиток. Луѓето, при тоа, изведувале жртвени и гатачки обреди, употребувајќи предмети кои укажувале на воените дејства на Сварог.88ea5520799667.562f14d11af6c (1)

Во некои руски извори од XIV и XV век се наведува дека:

„Сонцето е цар, син на Сварог, а тоа е Дажбог“, и дека: „Се молеле на огнот, кого го викале Сварожич“.

Од овој податок би требало да поризлеле дека Дажбог и Сварожич се идентични и дека нивниот татко е исто така огнот, но од највисокиот ред – тоа значи Сонцето.

Некои автори на Сварог и на Дажбог гледаат називи за симболички сплет на небото (громот) – Сонцетоогнот. Сварог е единственото руско божество кое е потврдено и кај балтичките Словени како Zuarasiz, Zuarasici, чија функција не е одредена. Сепак, ова божество не се споменува меѓу руските богови чии идоли ги подигнал кнезот Владимир.

Етимологијата на името Сварог е поврзана со санскрит: svar, surya - Сонце, svarga - небо.

Сварог живеел на небото и се грижел само за небесното, оставајќи ја земјата во рацете на второстепените божества. Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од култот на Сварог се задржани до денешен ден кај сите словенски народи. Во своите обредни песни, народот го ословувал и како бог. Повикуван е да ја „скове“ (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сé, се однесува на празнувањето на Божиќ и палењето големи коледарски огнови.

Сварог, Дажбог и Хорс се прифатени како сончеви божества. Со името на Сварог се поврзани и некои локалитети кои зборуваат за неговиот култ, како на пример во Полска: Сварожин, Сваришево.

Извор: Народна Митологија на Македонците - Танас Вражиновски, 1998
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.