Суштествата од нордискиот фолклор

Нордискиот фолклор е роден од стравот од природата – непознатите длабочини на фјордовите, неизмерените планински врвови, мрачните северни шуми.

Сé она што навидум изгледало чудно или непознато, оставало простор за разни приказни во кои живееле морски чудовишта, зли духови и големи богови. Со потекло од Норвешка, Данска, Финска, Шведска, Исланд и Фарските Острови, овие епски приказни за нордиската митологија кои постоеле и се прераскажувале со векови, биле наменети за заплашување на најмладите, но суштински, важни се и за современиот човек и општество.


novtrolcreature

Тролот е суштество од нордиската митологија, инспирирано од суровите џинови кои биле главни непријатели на боговите. Познато е како јотун кој живе на планините во Утгард. Има човечки изглед, но е неверојатно грдо и огромно. Секоја приказна за него раскажува за неговата глупост.

Во старите приказни постоеле тролови од сите видови,  некои живееле на високите планини, во замоци издлабени во камен, во длабоки шуми, а некои дури и покрај брегот. По доаѓањето на христијанството, околу 1300-та година, приказните се промениле. Тогаш тролот бил способен да намириса христијанска крв и во основа претставувал сé што новата религија го осудувала. И да, доколку дошло во контакт со светлина, се претворало во камен.


noviotnokencreature

Нокен, Никс или Ник е мистериозно водно суштество, кое живее исклучиво во свежа вода, езеро или длабоко мочуриште.  Во нордиската традиција се опишува како темно чудовиште, со очи веднаш над површината на водата, како ги гледа блиските минувачи.  Во шведската традиција е прекрасен млад човек, кој ги прелажува жените да скокнат во водата за потоа да ги удави. Тој имал дарба и да се промени во бел коњ, да дозволи малите деца да го јаваат, за потоа да скокне со нив во длабоките води. Исто така се вели дека бил талентиран музичар, кој свирел на виолина, за селаните да го чујат во текот на ноќта. Но, имало начини и за заштита од него: фрлање парче метал во водата, како игла или крст! Во случај на напад од нокен, можеме да го надвладееме со изговарање на неговото име :

„Nyk! Nyk! Naal i vatn. Jomfru Maria kastet styaal i vatn! Du sæk, æk flyt!”.

Тоа е загатка за заштита, што значи: „Ник! Ник! Ник! Игла во вода. Богородица фрли челик во вода! Ти тонеш, јас пловам!“


ushteednanovahuldracreature

Хулдра (skogsrå или Tallemaja во шведскиот фолклор) е привлечно шумско суштество. Таа е пристојна и прекрасна, но истовремено и дива, со долга опашка слична на крава, која ја крие зад грбот при средба со човекот. Легендата вели дека Адам и Ева имале многу деца, а еден ден, додека Ева ги бањала, Бог дошол во посета. Ева не завршила со капење на сите, па ги сокрила оние кои биле сé уште валкани. Бог прашал дали има уште деца, на што Ева одговорила дека нема. Тогаш Бог рекол:

„Тогаш сето она што е скриено, нека остане скриено.

Така, сокриените деца станале De Underjordiske, или оние кои ќе живеат во подземјето – изгубени души кои живеат под површината на земјата, повикувајќи некој да биде со нив, најчесто блиските минувачи. Хулдра била една од тие деца, но некако успеала да остане над земјата. Не била ниту добра, ниту зла.


nisserframe

Овие суштества се всушност многу важни и во современото општество. Во скандинавските божиќни традиции не постои Дедо Мраз во форма на буцкаст дедо со бела брада кој живее на Северниот Пол.

Наместо него, секој си имал свој нисе кој живеел во шталата и претставувал еден вид заштитник на домаќинството. Ако со него се однесувате добро, тој ќе го штител семејството и животните од несреќи и ќе помагал во домашните обврски и земјоделската работа.

Но, овие суштества биле типчни мајтапчии со кои многу лесно можеш да се спријателиш, но биле и доста избувливи, особено ако ги навредиш. Околу Божиќ ја имале истата функција што ја има Дедо Мраз во западните традиции. Често се претставувени како градинарско џуџе.


novatamoracreature

Мора е зол дух или гоблин во нордиската, но и во словенската митологија. Тој им дава лоши соништа, односно кошмари на луѓето во текот на ноќта, седејќи на нивните гради додека спијат. Се појавува во најразлични форми, а исто така може да се протне и низ клучалката.

Се верува дека е настанат од женско дете, кое е родено во крвава кошула или од девојка која се поврзала со ѓаволот. Уште едно верување е дека јава коњи, кои наутро ги остава исцрпени и прекриени со пот. Дури се смета дека ги јавале и дрвата, што  резултирало со заплетканите гранки на нив.


noviotfosegrimcreature

 

Фосегрим или само Грим, е водно суштество. Тој е млад и убав човек, кој седи гол под водопад и свири на виолина. Ја свири музиката на самата природа: звукот на водата, ветерот на дрвјата, сето тоа доаѓа од неговата музика.

Се вели дека тој ги учел луѓето да свират, ако тајно му донесат украдено парче месо. Torgeir Augundsson (1801-1872), познат виолинист од Телемарк, Норвешка, бил толку добар што се ширеле гласини дека ја продал душата за вештина како онаа на Фосегрим.


novatapeshtacreature

Црната Чума, претставувала голема трагедија за сите скандинавски земји. Данска изгубила една третина од населението, додека Норвешка половина. Епилогот бил толку катастрофален, што луѓето ведаш го олицетвориле во лик.

Пешта доаѓа како фигура на смрт и болест, во облик на одбивна старица, облечена во црно која носи метла и гребло. Патувала од фарма на фарма и ширела чума. Ако со себе го носела греблото, тогаш некои од жителите ќе преживееле, но ако ја носела само метлата, секој од семејството наскоро ќе умрел. И денес често се споменува Пешта, во контекст на болест и зараза.


novodraugcreature

Скандинавските земји имаат стотици километри крајбрежје, па затоа не е ни чудно што имаат многу митови и суштества поврзани со водата. Драуг со значење дух, е уште едно водно суштество и е нешто што навистина не би сакале да го сретнете кога сте надвор од својот брод.

Драуг е духот на човек кој починал во морето. Тој е огромен и личи на чудовиште, прекриен со алги и весла половина брод. Кога се појавува, еруптира со страшен крик, а легендата вели дека може да се види во текот на бурните ноќи, давејќи морнари и рибари и тонејќи ги нивните бродови и чамци. Денес, Драугот се поврзува со темнината и мистичноста на морето.


novokrakencreature

 

Кракенот е веројатно најпрепознатливо суштество. Иако се појавува во неколку познати филмови, кракенот му припаѓа на Норвешкото Море, каде се вели дека прв пат било забелжано во почетокот на 1700-те години. Првиот детален опис е направен од данскиот писател и биолог Erik Pontoppidan, во 1752 година.

Во далечните времиња, кракенот се вели дека бил во облик на огромен рак, голем колку еден цел остров. Многу рибари и морнари се  нашле заробени на остров, кој не бил таму неколку минути претходно. Подоцнежни описи укажуваат на чудовиште во форма на голем октопод, кој ги влечел бродовите кон морското дно.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.