Крампус

Сите сме запознаени со приказната за Дедо Мраз – веселиот белoбрад  дедо со магичен ирвас со црвен нос Рудолф,  но што знаете за Крампус?

Според европскиот фолклор, уште во 1600-тите години, Крампус е опишан како темен и влакнест ѕвер со големи рогови на главата, испакнати очи и шилести уши, а  наместо јазик имал камшик со кој ги бркал децата. А најчудниот дел од сето тоа е дека бил во сојуз со Дедо Мраз. Секогаш со себе носел голема шилеста вила, или според традицијата брезови прачки во раката, a имал и две различни стапала – едното во вид на копито, а другото канџа од мечка.

Митскиот Крампус, не бил демон, туку придружник на Св. Никола (познат во светот како Дедо Мраз, Таткото Божиќ или Крис Крингл) и додека светецот имал репутација на мирољубив дедо, кој ширел љубов и ги посетувал децата за време на Божиќните празници, дарувајќи ги оние добрите со подароци, непослушните му ги оставал на Крампус, кој за нив спремал опасна игра. Се верува дека долго-рогото бесно чудовиште, налик на коза, ги посетувал домовите на немирните деца и ги казнувал. Приказната вели  дека ги тепал и ги носел во подземјето каде требало да живеат цела година.

Дизајн: Greg Gunn

mythicmonday_023_krampus_dribbble


Историчрите сé уште не се сигурни за точното потекло на фигурата на Крампус во фолклорот, но се верува дека исто како и Дедо Мраз, Крампус му претходи на христијанството и најверојатно произлегува од нордиските традиции и германското паганство. Како многу други легендарни ликови, вклучувајќи го и Свети Никола, ликот на Крампус еволуирал низ времето и различните региони, но речиси секаде Крампус претставува баланс помеѓу светлината и темнината, обезбедувајќи хармонија меѓу доброто и злото.

Ноќта на Крамус (Krampusnacht), вечерината на 5 Декември, децата во Германија гледале да не го привлечат вниманието на застрашувачкиот ѕвер, со надеж дека наредниот ден Свети Никола ќе ги израдува со подароци.

Поздрав од Крампус

Според некои извори, се верува дека Крампус е син на Хел – ќерка на Локи и чувар на подземјето во нордиската митологија. Неговото име е извлечено од старогерманскиот збор krampen, кое во превод значи канџа. Освен со христијанството, Крампус дели особини и со фигури од грчката митологија, како сатир и фаун. Митот за Крампус, можеме да го пронајдеме во алпските региони, Австрија, Германија, Унгарија, Словенија и Чешка, а легендата добила долги нозе, па од Европа се проширила низ целиот свет.

Традиционални годишни паради сé уште се одржуваат низ светот, каде млади момчиња облечени како Крампус се тркаат низ улиците и ги тропаат своите синџири на случајните минувачи.

Видео: Кристофер Валц и Џими Фалон – дискусија за разликите помеѓу австриските и американските традиционални празници

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.