Келтското дрво на животот

Келтското дрво на животот често го сретнуваме на таписерии, тетоважи и други различни форми на декорација, но за древните Келти, тоа симболизирало хармонија и баланс.

Дрвјата имале значајна улога во келтската култура и не сме изненадени да дознаеме дека тие претставувале нешто многу големо. Ги претставувале силите на природата, кои споени, ја создаваат хармонијата и рамнотежата.

Ова би го разбрале, доколку размислиме како поедничните дрва се сплотуваат заедно за да создадат шума. Дрвјата се високи, разгранети, многу слични на силите во природата – моќни и распространети насекаде околу нас. Дрвјата поврзани заедно ги комбинираат своите животни сили, својата егзистенција, со цел да обезбедат дом на илјадници видови, од најмали растенија и животни, па се до мечки и прасиња. Сите циклуси на животот постојат во балнас – раѓањето преку смртта.

Келтското дрво на животот, ги симболизира овие различни идеи во едноставна форма.

Древните Келти го нарекувале crann bethadh. Верувале дека има посебни моќи. Во чест на дрвото на животот, Келтите чувале по едно големо дрво во центарот на полињата. Под неговите гранки го назначувале својот војсководец и одржувале собири. Бидејќи дрвото им давало храна, лекови и  засолниште на луѓето и животните, келтите верувале дека тие имаат моќ да се грижат за сите живи суштества. Нивното сечење било еднакво на  големо злосторство, па затоа за најголем триумф се сметало сечење на дрвото на својот непријател.

Значењето на дрвото на животот во келтската митологија може да се толкува, на различен начин. Некои од неговите значења се:

  • баланс и хармонија во природата,
  • мудрост, сила и долг живот,
  • преродба (дрвото ги губи лисјата на есен, хибернира во зима за повторно да се роди напролет),
  • ги обединува долните и горни светови (неговите корења допираат длабоко до долниот свет, додека гранките растат високо за да стигнат до горниот. Се верувало дека боговите на тој начин комуницираат со луѓето),
  • верувале дека и тие самите потекнуваат од дрвја и затоа ги сметале за живи магични суштества. Дрвјата го чувале земјиштето и претставувале врата кон духовниот свет.

Често пати, келтските јазли го претставувале дрвото на животот. Тие се познати по тоа што немаат почеток, ниту крај. Ја претставуваат бесконечноста на природата. Дрвото на животот преставено во келтски јазол, го симболизира континуираниот циклус на животот на земјата.

Позитивната енергија е она што овој дизајн го направил привлечен за древните Келти и за нас.

treeoflife-goldshirt-600

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.