Гулабот во словенската народна митологија

Гулабите, според накои верувања кај словенските народи, биле попски деца кои на пролет пееле многу. Нивното пеење всушност претставувало клетва. Тие го колнеле попот затоа што не им дозволил да учат. Поради тоа, самите се проколнале и се сториле гулаби. Во прилог на кажаното говорат и следните стихови, пренесувани од генерација на генерација:

Ослепел, попе

Зашто не ме даде

Книга да учам,

Ѓаче да бидам!

Во некои делови на Словенскиот Југ се верувало дека гулабот е света, благословена птица. Од таа причина ловењето гулаби се сметало за страотен грев. Во некои краишта постоеле верувања дека, доколку се хранеле во куќа, гулабите носеле несреќа. Се верувало дека гулабицата била особено приврзана за куќата. Дури се настојувало, таквите нејзини особини да се пренесат на девојките, на идните невести. Оттаму и обичајот со месење обредни лебови „гулабици“, за женските членови на семејствата, на Коледе и Василица. Во Струшко на пример, постои адет на шарање на свадбарската погача со дрвена шаралка, т.н. „гулабица“, или „гугавица“. Во некои краеви се среќаваат и спротивни верувања, односно се сметало дека куќата која ќе ја населеле гулаби набрзо ќе се раскуќела.

Во христијанската симболика, гулабот е симбол на обединувањето и мирот. Ден денес во христијанските литургиски обреди може да се сретнат траги на поднесување гулаби како жртвен дар. Постојат повеќе женски имиња кај словенските народи, кои водат потекло од името на оваа птица: Гулапка, Галаба, Галабинка, Голубинка и сл.

Проф. Фалкон Код

Професорот Фалкон Код е најмистериозниот професор во училиштето. Потекнува од Египет, од подвижниот остров Хемо, кој постојано плови по површината на водата. На своја пет годишна возраст ги научил сите симболи на египетската хиероглифска азбука. Научил да ги препознава тајните знаци насекаде околу себе: на небото, на земјата, низ пирамидите и во природата.