Феникс

Дали знаете дека фениксот, според легендите, имал животен век од 500, 1.461 или 12.594 години?

Фенискот е симбол на повторно раѓање, на надеж, чест, брак, верба, постојаност, вечност, бесмртност и светлина. Тој го претставува космичкиот оган од кој се создал светот.

Феникс е свето митолошко суштество од егитпетската митологија во вид на огнена птица. Фениксот е машка птица со црвено златкаста боја. На крајот од својот живот, фениксот изгорува и од неговата пепел се раѓа нов феникс, кој пепелта ја претвора во јајце и ја праќа во Градот на сонцето – Хелиопол, во Египет.

Според некои митски верувања, новиот феникс е потомок на стариот што изгорел, а според други, тој е всушност стариот кој се преродил. Фениксот имал способност да се лекува сам доколку е повреден, но со помош на своите солзи, можел и кај другите да излечи каква било рана.

Опис

Постојат многу описи за оваа легендарна птица, која никогаш всушност и не била забележана. Некои сметале дека фениксот е привобитниот пример за нештата кои не можат да бидат видени, туку единствено се толкуваат по своите имиња и атрибути. За фениксот се сметало дека по големина е колку орелот. Според некои верувања, едната негова половина била составена од орел, а другата половина од фазан. Според други, тој наликувал на жерав или пак претставувал збир од најубавите деловите на сите птици низ светот. Оваа митска птица е опишана како златна птица или шарена птица со црвено златкаста опашка. Многумина велат дека фениксот никогаш не јаде, а други пак велат дека тој единствено се храни со утринската роса. Се верува дека оваа птица живее сама во Арабија или Етиопија.

Оваа бесмртна птица, одново се раѓа од својата пепел секоја тристота или петстота година. Кога се ближи крајот на неговиот животен циклус, фениксот собира билки, гранчиња и дрвца од целиот свет, за да си направи свое погребно гнездо. Тој, со помош на сончевите зраци и мафтајќи со крилјата, запалува оган во своето гнездо. Штом согори неговото старо тело, фениксот одново се раѓа од црв, од својата коскена срж или од јајце.

Според еврејските легенди, феликсовото име е милкам. Според традицијата, Ева, првата жена која ја создал Бог според Библијата, откако го изела забранетото овошје станала љубоморна на бесмртноста и чесноста на другите суштества во градината. Таа успеала да ги убеди сите останати да изедат овошка од забранетото дрво, но не успеала да го убеди и фениксот. Бог го наградил фенискот подарувајќи му цврсто укрепен град, во кој ќе можел 1000 години да живее во мир. Според еверејската легенда, на крајот на секој свој животен век, фениксовото тело постепено се смалува губејќи ги своите перја и претворајќи се во бебе феникс, кое потоа повторно расне во голема птица.

Во Египет, фениксот е симбол на богот на сонцето и поврзан со Озирис, царот на подземјето и судија на мртвите. Озирис, кој самиот воскреснал, му ја предал тајната на фениксот за својата бесмртност. Во Египет, фениксот е користен за симбол на циклусите поврзани со изгревот и залезот на сонцето, како и за годишните одливи на реката Нил.

Каде и да се наоѓа, фениксот се поврзува со воскреснувањето, бесмртноста и со победата над лошите сили. Тој станал омилен симбол на првите христијански надгробни споменици. На многу места се сретнува како претставник и симбол на спасителот Исус Христос, прикажуван преку дрвото во пламен како симбол на воскреснувањето, или пак преку огненото гренче кое го носел во клунот, симболизирајќи го триумфот на животот над смртта.

Се верувало дека во еден временски период може да живее само еден феникс. Тој се раѓа сам од себе и не ги следи природните закони на размножувањто.

Да проследиме сцена за повторното раѓање на фениксот, од филмот „Хари Потер и Одајата на Тајните“.

Проф. Фалкон Код

Професорот Фалкон Код е најмистериозниот професор во училиштето. Потекнува од Египет, од подвижниот остров Хемо, кој постојано плови по површината на водата. На своја пет годишна возраст ги научил сите симболи на египетската хиероглифска азбука. Научил да ги препознава тајните знаци насекаде околу себе: на небото, на земјата, низ пирамидите и во природата.