Дивиот лов

Дивиот лов, познат како Åsgårdsreien е европски нарoден мит – спектрален настан од најдлабоката психа на северните и западните Eвропејци. Неочекувано се појавува во културите низ целиот континент, но во скандинавската и нордиската традиција преовладува, најмогу поради улогата на лидерот – богот Один.

wildhuntprva
Дивиот Лов – Јохан Вилхелм Кордес, 1856/1857

Вклучува сенишна или натпиродна група ловџии во дивата потера. Ловците можат да бидат џуџиња, самовили или мртовци, а лидерот на ловот често е фигура именувана како Один, но може да биде и историска или легендарна фигура како Теодор Велики, данскиот Kрал Валдемар Атердаг, библиски личности како Ирод, Каин, Габриел или Ѓаволот, или пак неидентификувана машка или женска загубена душа.

Во Дивиот Лов можеле да се вклучат и живите. Обично, тоа се случувало во длабок сон и кога со вид на астрална проекција го напуштале телото и се приклучувале на темните легии. Биле потребни прилично добри магиски способноси за оваа сосотојба.

Се верувало дека секој кој бил сведок на Дивиот Лов ќе го следат тешки времиња, несреќи и во крајна линија, дури и смрт. Судбината на оние кои се потсмевале на ловците во нивната потера била подеднакво ладна. Се вели дека исчезнувале заедно со морничавиот домаќин. Од друга страна пак, оние кои се придружувале во потерата со полна пареа, биле наградувани со богат плен, вклучувајќи и злато. Без оглед на импликациите на Дивиот Лов за индивидуалците кои сведочеле или биле придриужба, нашироко се верувало дека тој бил предзнак за лоши работи кои доаѓале. Вообичаено, ловот навестувал бури, чуми, војни и општи несереќи за регионот.

odingerifleki
Один, Слеипнир, Гери, Фреки, Хугин и Мунин

Како главен меѓу нордиските богови, Один го предводел ловот на својот осумног коњ Слеипнир, придружуван од волците Гери и Фреки , чие лаење луѓето го слушале за време на ловот. Кога кучињата ќе се измореле за време на ловот, луѓето верувале дека тогаш Один ловел со помош на гавраните Хугин и Мунин. Како лидер на ловот, Один бил именуван и како Дивиот Ловец, а неговата појава била пропратена со силна бура, ветрови, громови и молњи.

220px-Jacob_Grimm
Јакоб Грим

Концептот за Дивиот Лов го развил и германскиот фолкорист Јакоб Грим, кој прв го објавил во својата книга „Германска Митологија“ од 1835 година. Методолошкиот пристап на Грим бил вкоренет во идејата која често се сретнува во XIX век во Европа – дека современиот фолклор претставува фосилизиран опстанок на верувањата од далечното минато. Така, во развојот на неговата идеја за Дивиот Лов, тој ги комбинира последните фолклорни извори со текстуални докази, кои датираат од средновековен и раниот модерен период.

Овој пристап бил дискредитиран од областа на фолклористиката кон средината на XX век, ставајќи повеќе акцент на динамичната и развојна природа на фолклорот. Грим го толкува феноменот со предхристијански корени, тврдејќи дека машката фигура која се појавува, всушност е опстанокот на народните верувања за богот Один, кој го беше изгубил својот социјален карактер, своите добро познати карактеристики и претставувал аспект на темна и страшна моќ, сениште и ѓавол. Грим верувал дека оваа фигура понекогаш се заменувала со женска, која ја нарекувал Холда и Перхта.

peteernikolaiarbo
Дивиот Лов (Åsgårdsreien ) – Петер Николаи Арбо

Грим верувал дека во пред-христијанска Европа, ловот предводен од бог и божица, претставувал или нивна посета на земјата во еден вид свето време, нудејќи помош и благослов и примајќи дарови и жртви од луѓето, или најизменично невидливо пловење низ просторот, забележливо низ формите на облаците, во татнежот и виењето на ветровите, носејќи војна. Тој верувал дека под влијание на христијанизацијата, приказната престанала да биде  свечен марш на боговите и преминала во непријатен призрак, со темни и ѓаволски примеси.

Нордијците ги ценеле и почитувале мртвите, посебно оние кои паднале во битка. Целта на Дивиот Лов била комуникација меѓу живите и мртвите, но и начин да се објаснат изчезнувањата во долгите мрачни ноќи – далеку попријатно било да се мисли дека најблиските се на лов со своите ценети предци и големиот Один, отколку да се замислуваат пијани и смрзнати до смрт во некоја клисура или ров.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.