Локи

Локи (значењето на името не е познато) е лукавиот бог во Нордиската митологија. Иако се смета за формален член на групата богови Аесир во eдите и сагите, Локи зазема амбивалентна и крајно осамена позиција меѓу боговите, јотуните и останатите класи на суштества, населени во традиционалната религиозност на нордискиот народ.

 Wardruna - Dagr

 

Неговите фамилијарни односи, сведочат за следното:

Негови родители се јотуните Фарбути и Лауфеј. Со јотунката Ангрбодел, станале родители на божицата на смртта Хел, на мидгардската змија Јормунганд која го убива Тор за време на Рагнарок и на Фенрир, страшниот волк кој го убиива Один за време на Рагнарок и му ја одгризува раката на Тир.

decaloki

Локи покажува комплетен недостакот на грижа за доброто на своите богови придружници – одлика која може да се препознае во нејасни контури – можеби, единствено, со оглед на неговото потомство.

Често делува во судир, не само со општествените очекувања, туку и со она што денес го нарекуваме „закон на природата“. Во прилог на потомство наведено погоре, Локи е и мајкада, мајка на Слеипнир, шаманскиот коњ на Один, кој го раѓа откако се преобразува во кобила, како што вели приказната за Зајакнувањето на Асгард.

Во приказните, Локи е портретиран како интригантен страшливец, кој единствено се грижи за плитки задоволства и самоодржување. Палав, злонамерен, услужлив и секогаш безбожен и нихилистички.

Локи, наизменично им помага на боговите и на јотуните, во зависност од текот на акцијата и кој е попријатен и поволен за него во моментот. Во текот на Рагнароккога боговите и јотуните се впуштиле во нивната крајна борба и кога космосот бил уништен и одново создаден, Локи се приклучил од страната на јотуните. Тој и богот Хајмдал, смртно ќе се ранат меѓу себе.

Локи е веројатно најпознат по неговата злобна улога во смртта на Балдур. Откако била претсткажана смртта на саканиот бог Балдур, неговата мајка Фрига, обезбедила ветување од секое живо суштество дека никој нема да го повреди нејзиниот син. Но, таква заклетва не можела да биде задржана и од имелата, за која боговите сметале дека е мала и безбедна за да би го повредила Балдур. Откривајќи го овој пропуст, Локи издлабил копје од имела и го ставил во рацете на слепиот бог Ход, давајќи му наредба да го фрли кон Балдур. Ход, кому потеклото на оружјето не му било познато, се согласил и Балрдур бил мртов. Богот Хермод го јавнал Слеипнир и тргнал кон Хелхајм  да побара од Хел ослободување на Балдур, посочувајќи и колку бил сакан од сите живи суштества. Хел му возвратила дека, доколку ја говори вистината, не би било тешко секое битие во светот да биде принудено да плаче за Балдуд.

Aко тоа се случи, мртвиот бог ќе биде ослобoден од гробот.

И, навистина, секое живо битие плачело за враќањето на Балдур, но со еден исклучок: јотунката со ледено срце Ток, за која сме речиси сигурни дека бил Локи под маска. Така, Балдур останал во Хелхајм, се до Рагнарок.

lokisam

За ова, како и за многу други злосторства, боговите направиле синџир од црвата на еден од ретко споменатите синови на Локи – Нари и го врзале за три големи камења во пештера. Над него поставиле отровна змија од чија уста капел отров. Верната жена на Локи, Сигун, држела сад во која го собирала отровот. Но, кога го оставала Локи за да го испразни садот, капките отров паѓале над него терајќи го да се грчи од болка и агонија, што сета земја се тресела и предизвикувала земјотреси. Во таква положба останал се додека не се ослободил за Рагнарок.

Фасцинантната приказна за Локи, ни доаѓа од средновековниот дански историчар, Саксо Граматик. Во „Историјата на Данците“, богот Тор, на едно од многуте патувања до Јотунхајм (домот на јотуните), сретнува јотун по име Утгардалоки {Локи од Утангард (надвор од границите)}. Утгардалоки е врзан на ист начин како оној во приказната за Локи која ја споменавме, чиј извор е исландски. Се чини дека дури и самите Скандинавци држеле спротиставени ставови за тоа дали Локи е бог, јотун или сосема нешто друго.

Не постојат траги од било какво историско обожување на Локи кои преживела во модерните времиња. Дали е тоа чудно, со оглед на тоа што неговиот лик е спортивност на традиционалните вредности кои ги опишувале многу претхристијански Скандинавци?

cf5ba749e2bba418f564fd8613ca023c

Зошто Сакндинавците, воопшто имале таков бог во својата митологија? Дали ги претставувал? На кои животни методи одговара неговиот карактер?

За да одговориме на овие непријатни прашања, мора да го земеме Локи во предвид од перспектива на самиот претхристијански северно-европски светоглед. Само тогаш би можеле да се надеваме дека би разбрале што Локи значел на луѓето кои раскажувале приказни за него околу огништата во текот на долгите зимски ноќи.

Пред победата на христијанството, скандинавскиот народ немал концепт за она што го сметаме за апсолутно, морално „добро“ или „зло“. Некои вредности и постапки биле соодветни за некои луѓе и ситуации; некои биле несоодветни за останатите, но повторно соодветни за други. Сепак, ова не бил општиот, слободен, морален релативизам за секого – едноставно негирање на јудео-христијанската перспектива на апсолутен, универзален морал. Во традиционалното скандинавско општество, човекот кој заземал одредена општествана улога и бил приврзаник на соодветен бог или божица согласно улогата, со право можел да се смета за стандард на соодветно однесување. Така, додека повеќето луѓе во периодот на Викинзите се држеле до стандардите на чест и машкост, служејќи се со ликовите на Тир, Тор или Фреј како пример, останатите не морале да ги пратат.

Приврзаниците на Один, на пример – богот за кого имаме доволно докази за вистинско историско обожување – го следеле патот на занесот и креативното само-остварување, кое често изгледало непостојано, бездушно, неодговорно, па дури и срамно според стандардите на човек кој бил приврзаник на Тор, да речеме.

На тој начин, Локи не може со право да биде сметан за модел на морално „зло“. Наместо тоа, тој е модел на безбројни и често спротивставени и контрадикторни принципи и значење од кои се состои животот.

Один споделува многу од атрибутите на Локи, како итрината и преминување на границите. Една стара нордиска песна, дури наведува дека двајцата се крвни браќа. Зошто тогаш Один бил оној кој добивал значително обожување, а Локи, колку што ние можеме да заклучиме, не добивал речиси никакво?

Доколлку начинот на живот на Один биде изразен во концептуална смисла, тогаш би бил сличен на модерната „Волја за моќ“ на германскиот филозоф Фридрих Ниче – немирна, витална сила која сé постојано се стреми да се надмине себе си и својата околина, негувајќи го развојот преку совладување на суптилни, таинствени знаења и способности. Сосема е разбирливо дека тоа би можело да се согледа како свето и достојно за име на бог, од аспект на светоглед кој има за цел безусловно да го афирмира животот – нешто што го прави претхристијанскиот скандинавски народ. Сепак, принципот на кој одговара Локи е непочитување или омраза кон светот.

lokiodin

За Локи, боговите „не се за поклонување, туку за игнорирање, надминување, или во крајна линија – за потсмевање“.

Овој аспект, секако имал свои следбеници во периодот на Викинзите. Зошто тогаш таквите луѓе, кои својата доверба ја поставуваат само во сопствената сила, би почитувале бог кој, по некоја случајност, ја дели нивната анти-духовна перспектива?

Парадоксално, но сепак, со намерата да го утврди животот како безусловно свет, мора да го признаеме Локи и неговиот принцип, како олицетворение на боженственото во себе и за себе.

Го отелотворуваме Локи кога живееме на еден комплетно непосветен начин, без никакво повикување на светите модели – оттука е и недостостатокот на Локи од приврзаност кон боговите, јотуните или било кој друг.

Така, додека анимистичките и пантеистички скандинавски народи го одржувале светото како категорично супериорно, дури и безбожно, препознале дека сé што е безбожно (повторно парадокслано) е, на крајот, свето. Разликата се состои во начинот на размислување со кој му пристапуваме на феноменот. И од перспектива на светост, дури и навидум безбожното е во крајна линија свето и достојно да биде наречено божество.

Локи има мошне видливо место во приказните на нордиската митологија бидејќи од перспектива на самите нордиски пагани, тие приказни го изразуваат внатрешното значење на физичкиот свет кој го населуваме. Бидејќи повеќето живеат со начин на размислување како примерот на Локи, неизбежно е дека предхристијанските Скандинавци имале многу да кажат за него, како начин за потсетување дека сé е достојно за почит.

Галерија:

 

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.