ucilicoverusili

Членовите на советот на училиштето за мудрости и вештини Никулец, се луѓе кои вистински се трудат да ја пробудат имагинацијата на нивниот век, како би можеле и денес да создаваат митови и легенди околу нив. Тие се силни поборници на унијата помеѓу приказната, податоците, креативноста и убавите начини за изразување на светот. Овој авантуристички, пријателски и општествено свесен совет, сe уште верува во незапирливата убавина и куриозитетот на својата планета.

РАДМИЛА БОШКОВА

МАРИЈА ЈОВАНОВСКА

АИДА РЕЏЕПАГИЌ

МИЛЕНА КРСТЕВА

КАТИНА МИНОСКА

 
 

г-ѓа Олга Гилман

Секретарка
Госпоѓа Олга Гилман е главната библиотекарка во училиштето. Таа на памет ги знае сите стотици и илјадници книги во библиотеката, по азбучен ред. Сериозна е пред сите оние кои се обидуваат да се направат смешни и интересни. Постојат неколку книги во библиотеката кои се заклучени со разни магии, за да се заштитат од учениците кои сакаат да ги украдат. Единствено госпоѓа Олга Гилман, го има клучот на тие магии. Доколку ви е потребна некоја книга или литературна информација, обидете се да ја запрашате за помош.

г-ѓа Пандора Прут

Секретарка
Госпоѓа Пандора Прут е првата секретарка во училиштето. Таа била главната секретарка во Министерството за наука, пред директорот Никулец да и понуди работа во училиштето. Во секој момент може да ја најдеме во нејзината канцеларија, пред бирото преплавено со стотици документи. Таа има одговор на сите прашања, но не толерира дрскости и будалaштини од учениците. Доколку имате нешто нејасно, слободно обратете и се - таа го знае одговорот.

г-ѓица Капиопа Мур

Секретарка
Госпоѓицата Капиопа Мур е вработена во училиштето како нова, помлада библиотекарка. Таа била најдобриот студент на Универзитетот по литература и книжевност и директорот Никулец со задоволство ја поканил да и биде прва асистентка на госпоѓата Олга Гилман. Таа е многу ведра и пријатна личност и секогаш расположена да им помогне на учениците. Но, последниот збор, секогаш го има г-ѓата Олга Гилман.