Златен пресек

Златниот пресек, претставен со симболот на грчката буква φ (фи), е математички поим кој многу често се поврзува и со останатите науки. Тој всушност и бил најчесто користен во историјата на уметноста. Златниот пресек, или φ, е начин на поделба на вредностите со фактор кој изнесува приближно 1.6.

Златниот пресек е односот на два нееднакви дела од една отсечка, линија или друга величина, кога помалиот дел се однесува кон поголемиот дел како што поголемиот дел се однесува кон вкупната дожина.

Правилото за златниот пресек потекнува од геометријата и мошне често се применува во уметноста и архитектурата. Бројот φ е бесконечниот број 1.6180399… Идејата за златниот пресек се појавила уште во 300 година пред нашата ера, од едно дело на Еквилид, но за неа знаеле и следбениците на Питагора. Еквилид објаснил како да се подели една линија, каде односот на помалиот дел кон поголемиот дел, ќе биде ист како однсот на поголемиот дел кон целата линија. Би можеле да кажеме дека ова е правата дефиниција за она што денес го нарекуваме златен пресек.

2           1

Овој закон на Еквилид, може да го примениме на секоја површина, како тело, сликa или пак во архитектурата при расчленување на земјиштето или на просторот.

И ренесансните уметници Леонардо Да Винчи и Микеланџело Бунароти, во своите дела го почитувале правилото на златниот пресек. Во римскиот град Помпеја е пронајден шестар кој се состои од два крака, споени меѓусебно според правилото на златниот пресек.

Теоријата за златниот песек започнала од најдамнешните времиња и го доживеала својот врв во периодот на ренесансата, кога уметниците, математичарите, физичарите и астролозите го барале совршенството во композициите. По многу векови се смета дека златниот пресек е најсовршениот пресек во природата, потполно совршен и хармоничен за човечкото око.

Доколку секој човек, го измери растојанието од своите стапала до папокот и истото го спореди со растојанието од папокот до темето на главата, тогаш ќе сфати дека тие растојанија се однесуваат исто како и растојанието на целото тело кон делот од стапалата до папокот.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.

One Response to “Златен пресек”

  1. Дали има математика зад музиката што ја слушаме?,

    […] односно член на низата. Во самата низа се согледува и златниот пресек, во односот помеѓу секои два последователни броеви на […]