Теорија на хаосот

Хаосот е детерминирано поведение, непредвидливо за подолг период. Теоријата на хаосот го опишува однесувањето на некои нелинеарни динамички состави во математиката и физиката, кои под одредени услови непредвидливо се однесуваат.

Историјата на човештвото е полна со настани во кои луѓето настојувале да ја контролираат околината. Контролата е потребна за да можат луѓето да ги задоволат своите потреби. На пример, контролирањето на огнот, им овозможило топлина на луѓето, заштита и подобра исхрана. Ваквите успеси низ историјата го навеле човекот да размислува на детерминистички начин.

Детерминизам претставува одреденост и еднозначност, односно својство во кое не се сомневаме. Кога светот би бил детерминистички, би можеле да го предвидиме секој настан, односно да развиеме систем на контрола. Предвидувањето се основа на решавање равенки кои го опишуваат однесувањето на системите кои ги предвидуваме. Во метеорологијата се користат равенки чии решенија ги следиме секој ден во временската прогноза, секогаш со еден допир на скептицизам.

Со појавата на компјутерите, можела да се развие теоријата на хаосот, бидејќи само компјутерот може да решава равенки за предвидување на настаните. Тоа не значи дека хаосот не постоел, туку дека не сме го забележувале во секојдневието. Најпрво, истражувачите се обидувале да ги објаснат хаотичните резултати на детерминирачки начин, па така хаотичните појави се припишувале на мешањата во системот.

Првиот недостаток на детерминизмот се појавил кога за неизмерно мали разлики во почетните услови, се добил различен резултат. Во теоријата на хаосот, оваа екстремна чувтвителност на почетните услови е позната како „ефект на пеперутка“. „Ефектот на пеперутка“ е метафора која се користи со цел да се објасни зависнота на движењето на еден предмет во просторот, од неговата почетна местоположба. „Ефектот на пеперутка“ гласи: „Доколку една пеперутка, замавне со своите крила во Пекинг, може да предизвика ураган na Флорида“. Оваа фраза за прв пат ја воведува амрикнаскиот метеоролог и научник, Едвард Лоренц.

Тоа не значи дека ветрот кој го создава бранувањето на крилјата е тој што го предизвикува ураганот, туку дека и замавот на крилјата на пеперутката може да го промени текот на настаните кои можеби би се случиле, доколку таа би замавнала со крилјата. Сите сме битни!

Дури и кога би успеале да ги вклучиме сите можни влијанија врз почетните услови, повторно би се покажало дека не можеме во целост да ги потврдиме идните случувања.

Другиот недостаток на детерминизмот е приказот на реалниот броj на компјутерот, односно добивањето на два различни резултата за два различни прикази на реалниот број. Овие својства се карактистични единствено за хаотичните системи.

Во периодот по 1989 година, хаосот поминал долг пат, се преобразил, особено во популарните печатени медиуми, во нешто што се нарекува „теорија на хаосот“. Но, хаосот не е теорија, туку концепт кој не може да има смисла кога е одвоен од останатата динамика.

Денес, математичките техники имаат многу голем прогрес и денес имаме строги докази дека моделот кој го осмислил Едвард Лоренц, дефинитивно води кон хаос. Теоријата на хаосот дури доби и придружничка, позната како теорија на комплексноста.

Теоријата на хаосот ни кажува дека едноставните системи можат да се однесуваат комплексно. Теоријата на комплексноста ни кажува дека и во комплексните системи може да дојде до појава на едноставно однесување.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.