Систем на единици

Франција била првата земја која го прифатила метричкиот систем во 1789 година. Кралот Луј XVI, го одобрил системот еден ден пред обидот за бегство од револуција.

Дали знаете дека Кина била првата земја во која се појавил децималниот систем?

Постојат голем број мерни системи, а најпознати се меѓународниот систем на единици и англо-американскиот. Со помош на посебни таблици, единиците на системите можат меѓусебно да се пресметуваат. Единиците на денешниот англо-американски систем се развивале со векови и главно низ искуство. Некои од нив потекнуваат уште од најстарите цивилизации на Блискиот и Средениот Исток.

Меѓународниот систем на единици (скратено SI, од францускиот зборовен состав „Le Système International d’Unités“), е модерна форма од метричкиот систем, заоснован на 7 основни и 2 дополнителни физички величини и единици. Овој систем е најкористениот мерен систем во светот, најмногу во трговијата и целосно во науката.

Основни SI единици се следните:

  • единицата за маса - килограм, со симбол „кg“
  • единицата за време - секунда, со симбол „ѕ“
  • единицата за должина - метар, со симбол „m“
  • единицата за електрична струја - ампер, со симбол „A“
  • единицата за термодинамичка температура - келвин, со силмбол „К“
  • единицата за количество супстанција - мол, со симбол „mol“
  • единицата за јачина на светлина - кандела, со силмбол „cd“

SI не е постојан систем. Тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици, а дефинициите се менуваат според меѓународна согласност, соодветно на напредокот на мерната технологија.

За да можат да се споредат резултатите од мрењето, основните единици имаат мошне прецизно одредени стандарди.

Стандардна секунда – се дефинира како „траење на 9.192.631.770 преиоди на зрачењето кое му одговара на преодот помеѓу две хиперфини нивоа на основата состојба на атомот на цензиум“.

Стандарден килограм – се чува под внимателно контролирани услови во Бирото за тегови и мерки, во северна Франција.

Стандарден метар – се дефинира како „должина на патот кој светлината го минува во вакуум, за време на еден 299.792.458-ми дел од секундата“.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.