Рубикова коцка

Рубиковата коцка е трoдимензионална механичка загатка. Оваа 3D сложувалка е инвеција на унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик, од 1974 година. Оригиналното име на сложувалката било „Магична коцка“, а пронаоѓачот за својата коцка добил унгарски патент HU170062, но не побарал да биде и меѓународно патентирана. Првата Рубикова коцка е изработена во 1977 година, кога се појавило и првото производство на мало во Будимпешта. Три години подоцна, коцката била претставена на саеми за играчки во западните метрополи – Лондон, Њујорк, Париз и Нинберг. Во 1980 год. компанијата Ideal Toy Corp. ја добила лиценцата за нејзина продажба, преку германскиот бизнисмен Tibor Laczi и основачот на Seven Towns, Tom Kremer. Истата година, Рубиковата коцка ја освоила специјалната награда “Германска игра на годината”, во категоријата најдобра сложувалка. Податоците говорат дека до Јануари 2009 година, повеќе од 350 милиони примероци биле продадени ширум светот. Општоприфатено е дека е тоа најпродаваната играчка во светски рамки.

Кај класичната Рубикова коцка, секоја од шестте страни е покриена со девет налепници, секоја од нив обоена во една од шестте полни бои – традиционално бела, црвена, сина, портокалова, зелена и жолта. Белата боја е поставена спротивно на жолтата, сината противречи на зелената и портокаловата на црвената, а црвената, белата и сината се наредени во насока на стрелките на часовникот. Во внатрешноста на коцката постои механизам кој овозможува секоја нејзина страна да може независно да се заврти, на тој начин мешајќи ги боите. За загатката да биде решена, лицето на секоја страна од коцката мора да биде во една боја.

Оригиналната Рубикова коцка, со димензии 3x3x3, има 8 аголни коцки и 12 ивични. Всушност коцката е составена од 26 помали пластични коцки, кои се вртат околу средишното јадро. Тоа би значело дека постојат 8! начини да се распоредат коцките на аглите. Од нив, 7 може да се постават со три обоени ивици, произволно, додека ориентацијата на осмата зависи од претходните седум, што пак во крајна линија дава 37можности за поставување. Ивиците може да бидат распоредени на 12!/2 начини, затоа што непарната пермутација на аглите повлекува со себе и непарна пермутација на ивиците. Единаесет ивици може независно да се распоредат, додека положбата на дванаесеттата зависи од распоредот на претходните единаесет, па оттука произлегува дека постојат дополнителни 211 различни можности. Со други зборови, бројот на различни положби на малите коцкички изнесува точно 43.252.003.274.489.856.000, односно:

rubikova-formula

Иако Рубиковата коцка го достигна врвот на својата популарност во 80-тите, сеуште е надалеку позната и масовно користена. Постојат и натпревари за брзо местење на Рубикова коцка и други испреплетени загатки. Сличен изум на професорот Ерно е и Рубиковата змија. Моментално, светскиот рекорд во решавањето на Рубиковата коцка го држи холанѓанецот Ерик Акерсдајк, кому му биле потребни само 7, 08 секунди за да ја намести.

Денес коцката вообичаено се изработува во четири верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, детска коцка, или коцка мраз), 3×3×3 (стандардната коцка), 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, како 6×6×6, 7×7×7, па и уште поголеми. Во поново време се изработуваат и слични пазли со различен број на страни, димензии и стикери, не сите во сопственост на Рубик.

Текст: Милена Крстева

micha

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.