Множење со бројот 9

Не можете да се сетите на таблицата за множење со бројот 9? Нема потреба од калкулатор. Сé што ви треба, се прстите на вашите раце.


Да ги рашириме прстите на двете дланки, да ги свртиме кон себе и да го спуштиме прстот кој, броејќи од лево кон десно, ја означува цифрата со која го множиме бројот 9. Бројот на прстите на левата страна од спуштениот прст го означува бројот на десетките, а од десната – бројот на единиците.

Да претпоставиме дека со помош на прстите треба да пресметаме колку би изнесувал производот од 9 x 7. Броиме од лево кон десно до седмиот прст и истиот го спуштаме надолу. Резултатот од множењето е следниот: лево од седмиот спуштен прст, имаме 6 прсти, што значи дека во резултатот имаме 6 десетки (шеесет). Десно од подигнатиот прст имаме 3 прсти, што ќе значи 3 единици.

Шест десетки и три единици – резултатот е 63.

mnozenjeso9

Проверете дали ова навистина функционира и со останатите природни броеви од 1 до 10!


Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.