Множење со броевите 6, 7, 8, 9 и 10

Сите знаат како се собира со помош на прстите на рацете. Но, може ли прстите да ни бидат од помош и при множењето? Одговорот е потврден. Но, на овој начин може да се помножат само броевите од  6 до 10. Така што множењето од 1 до 5 сепак ќе мора да го научите напамет.


За да множите со помош на прстите, прво што треба да направите е да ги свртите дланките кон себе, со двата мали прсти поставени еден до друг. Потоа, тргнувајќи од малите прсти кон палците, замислете дека прстите (на двете раце) ги претставуваат броевите 6, 7, 8, 9 и 10. Ако сакаме на пример, да пресметаме колку изнесува производот 6×8, треба да го споиме прстот кој го означува бројот 6 од левата рака, со прстот кој го означува бројот осум од десната и на тоа место да повлечеме една замислена линија. Прстите под замислената линија, заедно со двата прсти кои ја сочинуваат линијата ги множиме со бројот 10, а резултатот од овој производ ни покажува колку десетки имаме во бараниот резултат. За да го добиеме износот на единиците, треба да ги помножиме прстите од левата рака над замислената линија, со оние од десната. Во нашиот пример, двата прсти на линијата, заедно со прстите под неа, помножени со десет, не водат до бројот 40. Прстите пак над линијата, 4 од левата и 2 од десната страна, ако ги помножиме, добиваме износ од 8 единици во крајниот резултат. Според тоа, крајниот резултат би бил 48.

Проверете го ова и со останатите броеви од 6 до 10!


Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.