Математички загатки

Колку сте вешти во решавања на математички загатки? Колку време ви е потребно да одгатнете една?

Математичките загатки се главен, составен дел од рекреативната математика. Сите математички загатки се основаат на математички правила од областа на алгебрата и геометријата. Математичките загатки се вообичаено наменети за еден играч.

Еден од најпознатите изумители на математички загатки, бил американскиот математичар Семјуел Лојд. Лојд отсекогаш бил надарен за загатки и шаховски проблеми. Својот прв проблем го измислил на 14 годишна возраст, а веќе на 15 години учествувал во разни турнири. На 20 годишна возраст бил најдобриот составувач на математички проблеми во светот. Вкупно, има составено 800 проблеми.

Пред да започнеме да ги решаваме математичките загатки на Семјуел Лојд, да ги испробаме нашите способности со следната:

Еден човек се обидувал да влезе во зградата каде работи, но ја заборавил својата шифра. Можел да се сети на неколку нешта:

  • збирот на петтиот број од шифрата и третиот број, изнесувал 14
  • четвртиот број, бил за 1 поголем од вториот број
  • првиот број бил за 1 помал од вториот број – двојно поголем
  • збирот на вториот број и третиот број, изнесувал 10
  • збирот на сите броеви, изнесувал 30

Како гласела шифрата?

zadaca1

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.