Колку степени има кругот?

Што најмногу ви се допаѓа кај круговите? Нам ни е омилена нивната кружна форма. Немаат ниту еден остар агол каков што можеме да сретнеме кај триаголниците и квадратите. Сетете се на неколку кружни работи кои се чест дел од нашето секојдневние.

Геометријата го дефинира кругот како множество од точки во една рамнина кои се наоѓаат на еднакво растојание од дадената точка, наречена центар.

Радиусот на кругот е должината на отсечка која се протега од нејзиниот центар до нејзиниот раб. Дијаметатр е правец што поврзува две точки од кружната линија, низ центарот на кругот. Тој го дели кругот на две еднакви половини. Еден радиус претставува половина дијаметар.

Обиколката на круг е растојанието околу една затворена кружница. За да ја пресметаме обиколката на кружницата потребно е да го знеме нејзиниот радиус.

circФормулата за пресметување на големната на кругот е 2πr , каде „r“ e радиусот на кругот, а „π“ е константата 3.141592. Обиколката на кружницата можеме да ја пресметаме и со нејзиниот дијаметар, според формулата πd, каде „d “ е дијаметарот на кружницата.

Плоштина на кругот е мерка за бројот на квадратни единици во внатрешноста на кругот. Во овој случај е повторно потребно да го знаеме радиусот. Формулата за плоштината на кругот е πr². Степенот2“ во формулата претставува експонент и значи дека радиусот треба еднаш да се помножи самиот со себе. Всушност, формулата за плоштината на кругот може да биде напишена πrr.

Многу интересно нешто во врска со круговите е тоа што, доколку знаете барем еден од овие факти (радиус, дијаметар, обиколка, полоштина), можете ги дознаете вредности на сите други.

Секој круг може да биде поделен на 360 единици наречени степени. Доколку се завртиме во комплетен круг, тогаш сме се завртеле за 360 степени. Доколку сме се завртеле за половина круг, сме се завртеле за 180 степени.

Зошто баш 360 степени? Зошто не 100? Некои стари календари имале 360 дена во годината. Во 2400 година пред нашата ера, византиските астрономи забележале кружни движења на Земјата и Сонцето. Пресметале дека се потребни 360 дена за да се заврти кружната орбита. Одлучиле да го поделат кругот на 360 степени за полесно да можат да го следат секојдневниот пат на кружниот календар.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.