Бесконечност

Сигурно ви е познато дека низата на броеви нема крај ниту во позитивна, ниту пак во негативна насока. Таа се протега до бесконечност.

Концептот на бесконечноста е карактеристичен за математичките науки – физиката и филозофијата. Во математиката и физиката, бесконечноста се однесува на бескрајни количини. Во филозофијата, бесконечно е она што ги поминува границите на она што е утврдено.

Зборот „бесконечност“, потекнува од латинскиот збор „infinitas“, што означува „безграничност“.

Математиката се занимава со мерки означени со симболи. Математичарите и физичарите ја означуваат бесконечноста со посебен знак: .

Првиот човек кој запчнал да го користи симболот на бесконечноста во 1655 година, бил Џон Волис. Некои луѓе сметаат дека знакот за беконечност потекнува од првиот римски знак за број за 1000. Други пак веруваат дека симболот ја претставува последната буква од грчката азбука: омега – Ω.

Во математиката, бесконечноста има многу примени. Математичката консонанта „π“ е бесконечен децимал. Но, бесконечноста е всушност нешто многу поголемо од голем број.

Беконечноста може да има различни големини. Земете го ова во предвид: постои бесконечен број на цели позитивни броеви, односно бореви поголеми од бројот 0. Но, постои и бесконечен број на парни позитивни бореви. Иако бројот на позитивните броеви и на парни позитивни броеви е подеднакво бесконечен, групата на бесконечни позитивни броеви е два пати поголема од групата на бесконечните парни броеви!

Концептот на бесконечност е познат и меѓу космолозите кои ја проучуваат големината на универзумот. Има ли крај универзумот или никаде не застанува?

Напоменавме дека концептот на бесконечноста е карактеристичен и во филозофијата. Теоремата за бесконечноста на мајмуните вели: „Мајмун кој сосем случајно би удирал по дирките на машина за пишување, по бесконечен број на обиди би го напишал текстот на книгата „Моби Дик“, или пак би комплетирал дело од писателот Вилијам Шекспир. Некои луѓе ја користат оваа теорема со цел да објаснат дека, се е можно доколку имаме бесконечен број на шанси и обиди.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.