Архимедовиот закон

Архимед бил математичар, физичар и пронаоѓач кој живеел во античката грчка колонија Сиракуза, на островот Сицилија, во периодот од 287 до 212 година п.н.е. Тогашниот крал на Сиракуза, Хијерон, еден ден побарал од Архимед да му каже дали во златната кралска круна има и сребро. Архимед долго време го мачел овој проблем. Едно попладне, влегувајќи во кадата да се избања, забележал како се подигнува нивото на водата. Веднаш излегол од купатилото и истрчал по улиците на Сиракуза, извикувајќи го славното „Eурека!“. Еурека во превод значи „пронајдов!“ и оттогаш, се употребува ширум светот кога некој најпосле ќе реши некаков проблем.

Архимед го решил Хијероновиот проблем. Тој најпрво измерил колку е тешка круната и пронашол грутка злато и грутка сребро, кои тежеле (секоја засебно) колку кралската круна. Потоа ја спуштил круната во сад со вода и измерил за колку се подигнало нивото на водата. Истото го направил и со грутката злато. Да била круната изработена од чисто злато, водата ќе се покренела до истата висина. Меѓутоа, постоела разлика, па Архимед мерејќи го и среброто, можел да утврди колкав е точниот размер на овие два метали во круната.

260f3d12930189.5626f1797ac61Законот за специфична тежина, или Архимедовиот закон, вели дека секое тело потопено во течност, губи од својата тежина онолку колку што изнесува тежината на течноста што ја истиснува.

Архимед бил изумител и на многу други направи кои во негово време се користеле во борбени цели. Кога во 214 година п.н.е. Римјаните го нападнале градот Сиракуза, опколувајќи го од копно и од море, бранителите на градот успеале да ги задржат речиси цели три години, служејќи се со Архимедовите борбени направи. Негов пронајдок биле направите за фрлање камења, стрели и копја, познати како катапултови.

Архимед напишал повеќе книги од областа на геометријата и физиката, а го познавал и принципот на лостот. Лост претставува секое тврдо тело кое може да се врти околу една неподвижна точка (ослонец) и притоа му дејствуваат две сили кои се стремат да направат спротивни завртувања. Со употреба на мала сила со лостот може да се совладаат големи отпори. Најстарите записи за лостот потекнуваат од III век п.н.е., токму од списите на Архимед. Тој ги поставил и темелите на хидростатиката, а современите експерименти укажуваат на тоа дека изградил и „смртоносен зрак“ кој од голема далечина можел да потпали брод. Конструирал и направа која можела да потопи брод.

Архимед бил убиен од еден римски војник, за време на опсадата и освојувањето на Сиракуза, додека бил задлабочен во своите геометриски фигури. По негово барање, на надгробниот споменик бил изгравиран неговиот омилен математички доказ. Иако малку се знае за неговиот живот, тој е еден од најпочитуваните водечки научници во класичната антика. Неколку копии од неговите расправи кои биле зачувани, претставувале влијателен извор на идеи за научниците од ренесансниот период. Карл Фридрих Гаус за Архимед ќе каже дека е еден од трите епохални математичари и физичари, покрај Исак Њутн и Алберт Ајнштајн.

Видео: Archimedes' Principle ~ Charlotte De Graef

 

 

 

Eурека!
Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.