Ајнштајнова загатка

Алберт Ајнштајн, бил германски теоретски физичар, најпознат по својата теорија на релативност и теоријата за масно-енергетска еквиваленција Е = mc². За својата работа во полето на теоретската физика и за откритието на фото-електричниот ефект, Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика.

Анјнштај заедно со своите пријатели, познати физичари, составиле неколку математички и логички загатки. Според нив, 98% од луѓето не би можеле да ги решат овие задачи. Дали вие сте во останатите 2%? Погледнете ја загатката:

На пристаништето има 5 бродови:
 1. Грчкиот брод пренесува кафе и заминува во 6 часот.
 2. Бродот што се наоѓа во средината има црн оџак.
 3. Англискиот брод, заминува во 9 часот.
 4. Францускиот брод што има син оџак, се наоѓа лево од бродот кој пренесува кафе.
 5. На десната страна од бродот кој пренесува какао, се наоѓа брод кој заминува за Марсеј.
 6. Бразилскиот брод, патува за Манила.
 7. До бродот кој пренесува ориз, се наоѓа бродот со зелен оџак.
 8. Бродот што заминува за Џенова, поаѓа во 5 часот.
 9. Шпанскиот брод заминува во 7 часот и се наоѓа десно од бродот кој заминува за Марсеј.
 10. Бродот со Црвен оџак, патува за Хамбург.
 11. До бродот кој заминува во 7 часот, се наоѓа брод со бел оџак.
 12. Бродот што се наоѓа до границата, пренесува пченка.
 13. Бродот со црн оџак, заминува во 8 часот.
 14. Бродот што пренесува пченка е закотвен веднаш до бродот што пренесува ориз.
 15. Бродот за Хамбург, заминува во 6 часот.

Кој брод пренесува чај и кој брод заминува за Порт Саид? Порт Саид е град во Египет и пристаниште на крајбрежјето на Средоземното Море и северниот дел на Суецкиот канал.

Ги очекувам вашите одговори.

Проф. Алберт Пи

Професорот Алберт Пи е најнискиот професор во училиштето. Тој е единствениот човек кој се родил како старец, а не како бебе. Како што минуваат годините, наместо да старее, тој се подмладувал.