Зошто снегулките имаат шест краци?

Снегот е само замрзната вода. Па зошто тогаш не наликува на лед? Во секоја снегулка има голем број ледени кристали, па одбивањето на светлината од нивната површина прави снегулките да изгледаат бели.

Снегот се создава кога во атмосферата замрзнува водената пареа. Тогаш настануваат мали, минијатурни кристали, бистри и провидни, невидливи со голо око. Со оглед на тоа што во воздухот постојат струи, кристалите летаат горе-долу по атмосферата и се собираат околу едно јадро. Тоа може да биде некој честица прашина, или пак ситна капка вода. Може да се случи да се соберат стотина, па и повеќе кристали околу едно јадро. Кога оваа група од ледени кристали ќе постане доволно голема, истата паѓа на земја во вид на снегулка.

Некои кристали се плоснати, додека други се во облик на низа од иглички. Но, независно од обликот, снежните кристали секогаш имаат по шест страни, односно агли. Снежните пуфки имаат еднаков број гранки, но нивниот распоред е секогаш различен. Никогаш две снегулки не се потполно исти. Некои снегулки имаат пречник и до три сантиметри. Големината на снегулките зависи и од температурата. Колку е поладно, толку се снегулките помали.

Снегулките бездруго се една од најубавите творби на природата. За време на една снежна олуја на земјата паѓаат безброј снегулки, секоја од нив со различен облик и распоред. Кога водата ќе замрзне, образува кристали. Тоа значи дека молекулите се распоредуваат на одреден начин, или добиваат одреден геометриски облик, и ние тоа го нарекуваме кристал. Молекулот на водата се состои од три единици, два атома на водород и еден атом на кислород. Кога ваквиот молекул кристализира, мора да обликува или тространа, или шестоаголна фигура.

Снегот не е секогаш бел. Во многу делови на светот забележан е црвен, зелен, син, па дури и црн снег. Различните бои на снегот настануваат затоа што понекогаш во воздухот се наоѓаат ситни габички, или честички прашина, кои лебдат и се присоединуваат на снегулките, додека тие паѓаат полека на земјата.

Снегот во себе содржи многу воздух, поради што истиот е слаб проводник на топлина. Од таа причина, снежната прекривка ја штити вегетацијата која сеуште не никнала. Имајќи го ова предвид, сосема е разбирлива и топлината во иглото и во куќите направени од снежни блокови.

Проф. Корделија Примат

Едно од семејствата кои живееле во близина на Шумата на чудата, било семејството на Корделија Примат. Таа живеела со своите родители, госпоѓа Биота Примат, која била колекционер на растенија, и господин Кварц Примат кој бил изработувач на стакло...