Што е тоа жив песок?

Луѓето со векови стравувале од живиот песок, затоа што се верувало дека ги вовлекува своите жртви додека целосно не потонат. Но, ова не е точно. Ако некој знае како да постапи кога ќе пропадне во жив песок, тогаш сето тоа воопшто не е опасно.

Живиот песок е лесен, растресит песок помешан со вода. Тој на изглед не се разликува многу од другите врсти на песок, кои можеби се наоѓаат во негова непосредна близина. Но, постои една важна разлика. Живиот песок не може да држи тешки предмети. Обично се појавува близу утоките на големите реки, околу мочуриштата и на рамни крајбрежја, каде под песокот се наоѓа слој од цврста глина. Водата се собира во песокот, затоа што глинениот слој под неговата површина не ја пропушта истата.

Зрнцата жив песок се разликуваат од обичниот песок по својата форма. Тие се округли, а не аглести и остри како кај обичниот песок. Водата поминува меѓу нив, ги раздвојува и подигнува, така што велиме дека зрната жив песок всушност пливаат. Од таа причина и не можат да држат на себе цврсти и тешки предмети. Некои врсти на жив песок можат да бидат од растресита земја, мешавина на песок и кал, или каловит чакал.

Ако некој пропадне во жив песок, нема сосема да потоне. Со глед на тоа што, каде што има жив песок, има и многу вода, човекот може со пливање да се одржи на површина. Дури и помалку се тоне отколку во вода. Важно е само да се знае дека движењата во таков случај треба да бидат лесни и бавни, па живиот песок ќе се однесува како вода.

Проф. Корделија Примат

Едно од семејствата кои живееле во близина на Шумата на чудата, било семејството на Корделија Примат. Таа живеела со своите родители, госпоѓа Биота Примат, која била колекционер на растенија, и господин Кварц Примат кој бил изработувач на стакло...