Зошто во зима фрламе сол и песок на улиците?

Во сад со толпа вода, молекулите на водата се движат слободно и брзо, додека пак во сад со студена или пак замрзната вода тие се движат многу споро и се спојуваат една со друга, формирајќи мраз. Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата, во нормални услови, преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C.

Кога ќе ставиме сол на мразот, молекулите на површината од водата кои не се замрзнати се растопуваат и ја прават водата солена. Солената вода не дозволува течностите да замрзнуваат. Како што мразот започнува да се одмрзнува, молекулите  го забрзуваат своето движење започнуваат да го топат претварајќи го вода. Тоа уште подобро и побрзо го прават со помош на солта.

Но, мразот не е лесен противник. Доколку температурата се спушти под -10°С, солта може и да не ни помогне. Како што напоменавме, на солта и е потребно бар малку вода на површината од мразот за да почне да се топи. Но, затоа кога имаме голем слој мраз, песокот помага во акцијата на неговото одмрзнување.

Работниците кои ги расчистуваат патиштата, ги мешаат солта и песокот заедно бидејќи кристалите кои се наоѓаат во песокливите камчиња, помагаат при заштита и при полесно одвивање на сообраќајот. Песокот може да спречи и создавање на нов мраз на патиштата.

Проф. Корделија Примат

Едно од семејствата кои живееле во близина на Шумата на чудата, било семејството на Корделија Примат. Таа живеела со своите родители, госпоѓа Биота Примат, која била колекционер на растенија, и господин Кварц Примат кој бил изработувач на стакло...