Може ли солената вода да замрзне?

Кога доаѓа ладната зима, температурите опаѓаат и голем број потоци, реки и езера можат да се претворат во замрзнати површини по кои можеме да лизгаме! Но, што се случува со морињата и океаните?

Доколку некогаш сте биле во можност да видите некое море или пак океан во зима, веројатно сте забележале дека тоа не замрзнува како едно езеро. Дали ова значи дека морињата и океаните никогаш не замрзнуваат?

На фотографиите од Северниот или Јужниот Пол, можеме да забележиме дека постојат поларни ледени карпи во океаните. Ако океанот замрзнува во одредени области, тогаш зошто остатокот од него не замрзнува комплетно во текот на зимата?

Точката на замрзнување на водата е 0° C. Присуството на солта во водата ја намалува точката на замрзнување. Што повеќе сол има во водата, толку е помала точката на замрзнување. Кога водата замрзнува, молекулите на хемиските елементи водород и кислород се обединуваат. Присуството на сол го прави ова соединување многу потешко, бидејќи солта не може природно да се соедини со мразот.

Кога честичките на солта се соединуваат со честичките на водата, постапката на замрзнување успорува. Поради оваа причина, солта најчесто се користи кога е потребно да се дојде до топење на замрзнатите патишта.

Океаните обично содржат околу 35 грама сол, на секои 1000 единици вода. Ова ја намалува точката на замрзнување на водата во океаните и изнесува околу -1,8 ° C. Доаѓаме до одоворот дека океанската вода може да замрзне само е потребно да се постигне пониска температура.

Друг фактор што многу влијае на замрзнувањето на солените води е нивното движење. За разлика од езерата, морињата и океаните се во постојано движење и тоа движење им помага при задржување на својата топлина. Како резултат на тоа, само на навистина студените места, како на Северниот или Јужниот Пол, е можно замрзнување на солена вода.

Околу 15% од океаните се замрзнуваат, во еден дел од годината. Тоа изнесува околу 25 899 881 квадратни километри мраз!

Проф. Корделија Примат

Едно од семејствата кои живееле во близина на Шумата на чудата, било семејството на Корделија Примат. Таа живеела со своите родители, госпоѓа Биота Примат, која била колекционер на растенија, и господин Кварц Примат кој бил изработувач на стакло...