Како се создава чајот?

Додека Англичанецот, во текот на годината, просечно конзумира околу 5 килограми чај, останатите европски народи го пијат во значително помали количества.

Најголемите конзумери на чај во светот се, секако, Кинезите – кај нив чајот се пие веќе 4 000 години. Чајот што расте во Кина, одамна е култивиран и никаде не расте како диво растение. Се верува дека првото семе Кинезите го донеле од Индија. Кога Англичаните пристигнале во Индија и го откриле чајот, почнале да садат цели плантажи и во Индија и на Цејлон. Со текот на времето производство толку напреднало, што количеството на извезениот чај од Цејлон, го надминал извозот на чај во Кина.

brand_02_2

Постојат два главни вида на чајни билки. Додека кинескиот чај расте само до еден метар во височина, индискиот може да порасне и до шест метри.  Листовите на чајот, доколку не се берат, можат да пораснат колку просечна должина на човечка рака. Но, младите листови даваат значително подобар квалитет, па затоа се берат токму пред да пораснат. Дури по три години, чајната билка ја дава првата жетва и сиот нејзин принос е сосема мало количество чај.e9ae8529069321.55e050e7c5525

На квалитетот на чајот, значително влијае и надморската височина на која се одгледува билката. Најдобриот чај расте на плантажи по планините. Штом ќе се оберат ливчињата, се носат во фабрика, каде веднаш започнува процесот на негова преработка.

Лисјата најпрво се оставаат да свенат. Потоа се префрлаат во машини со валјаци, кои од нив го цедат сокот. Црните и зелени лисја потекнуваат од исто растение, со таа разлика што, доколку сакаме да добиеме црн чај, зелените листови што минале низ валјакот, одново ќе ги распростриме и ќе ги покриеме со влажна крпа. На тој начин, листовите поминуваат низ процесот на вриење и добиваат црна боја. Потоа листовите се сушат, се сертираат и се пакуваат.126

Потои уште еден вид чај што најмногу се конзумира во САД. Тој е така-наречениот „улонг-чај“ од Формоза. Чајот освежува бидејќи содржи кофеин како и кафето. Танинот кој го содржи, му го дава горчливиот вкус.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.