Како гледаат бувовите ноќе?

На бувовите им се придава посебно значење. Примитивните народи негувале многу празноверија поврзани со ова животно, главно поради неговиот необичен крик. Буката која ја прават бувовите, во многу делови од Европа и денес се толкува како предзнак за смрт.

Разновидни врсти на бувови се распространети по целиот свет. Снежно белите пердуви на бувот од ледените арктички предели, суптилно се вклопуваат со околината, чувајќи го, на тој начин, од погледот на предаторите. Може да се сретнат бувови со големина на врапче кои се хранат со скакулци и оси, но има и такви кои може да уловат и зајак.

owls

Бувот е птица која е најактивна ноќе – целото нејзино тело е прилагодено на таквиот начин на живот. Кога ноќно време испуштаат крици, сеат страв кај сите животни кои се наоѓаат во нивна близина. И ако преплашеното животно се помести во таа прилика и направи некаков шум, бувот веднаш го лоцира благодарение на извонредно развиеното сетило за слух. Ушите на бувовите се наклапушени, што не е случај со другите птици. Некои бувови, во задниот дел на ушите, имаат нешто што наликува на труба, што им овозможува подобро да слух.

Кога бувот ќе ја преплаши својата жртва и ќе го чуе шумот од нејзините чекори, може да го види својот плен речиси во потполн мрак. Постојат две причини за ваквата необична способност:

Очните јаболчници кај бувот се многу еластични, така што може да ги насочува очите за само дел од секунда на било која далечина. Природата дополнително го обдарила ова животно и со способноста неверојатно многу да ги рашири своите зеници. Тоа му овозможува да гледа и при најмал зрак светлина. Очните јаболчници кај бувовите се така наместени, што тие мора секогаш да ја поместуваат и главата, во оној правец во кој сакаат да погледнат.

Дури и пердувите му помагаат на бувот кога лови. Бувот има толку меки пердуви што може да лета речиси бесшумно и да се спушти нечујно кон пленот. Но, територијалното огласување на мажјакот во текот на мирните летни ноќи, може да се слушне и на оддалеченост од 2-3 километри. Најчесто се огласува во квечерината, или во раните утрински часови. Бувовите имаат разни техники на лов. Може да го фатат пленот на земја, но и во полн лет. Oсобено сакаат да ловат ежови и змии и не се плашат од отровот на поскокот.

Проф. Корделија Примат

Едно од семејствата кои живееле во близина на Шумата на чудата, било семејството на Корделија Примат. Таа живеела со своите родители, госпоѓа Биота Примат, која била колекционер на растенија, и господин Кварц Примат кој бил изработувач на стакло...