Замокот Нојншвајнштајн

Замокот Нојншвајнштајн (Neuschwanstein) во Германија се смета за еден од најубавите во Европа и претставува една од најголемите атракции во светот, од ваков вид.

Дел театар – дел бајка, замокот е олицетворение на душата на Кралот Лудвиг II од Баварија, познат под прекарот „Лудиот Крал Лудвиг“. Замокот e дизајниран да биде засолниште на изолираниот крал, a палатата евоцира средновековни митови и фантазија.

Приказната за овој бајковит замок е интересна сама по себе. Кралот Лудвиг бил принуден да седне на престолот пред да наполни 20 години, а за само две години доживеал катастрофлен воен пораз, кој бил голем удар за Баварија. Младиот крал имал доста проблематичен карактер, па наместо да се справи со разочарувањето и неуспехот, тој почнал да гради бајковити замоци. Замокот Нојншвајнштајн го претставува врвот на неговите опсесии, односно синтеза на сето негово лудило.

ludvikizamok

Очигледно, ова не е автентичен средновековен замок – изградбата е почната 1868 год, но драматичнниот карпест предел на кој денес стои Нојншвајнштајн, е некогашно место на два средновековни замоци, кои биле уништени за да се направи место за новиот екстравагантен замок.

Нојншвајнштајн е уникатен и по уште еден доста интересен момент – тој има поглед на уште еден замок, Хоеншвангау (Hohenschwangau), кој се наоѓа во истата долина, но од спротивната страна. Замокот кој денес можеме да го видиме и посетиме, е исто така граден во средина на 1800-тите, врз остатоци на стар средновековен замок. Но, уште поважно е дека кралот Лудвиг пораснал во овој соседен замок. Можеби ова ја објаснува неговата фасцијација со средновековната историја и фолклор. Неговата соба во замокот Хоеншвангау, била опремена со телескоп, од каде директно ја надгледувал градбата на новиот.

zamocitedav

 

Секој дел од замокот Нојншвајнштајн, го рефлектра проблематичниот и ексцентричен живот на кралот Лудвиг.  Тука ја гледаме неговата опсесија со делата на Вагнер, неговите преокупации со аристократскиот живот на средновековните кралски семејства и неговата желба да се повлече во осамен свет на фантастични верувања.

На централно место во замокот е театарот, операта и делата на Вагнер. Кралот Лудвиг бил целосно опседнат со Вагнер, кој бил негов близок пријател. Како резултат на неговата опсесија, имал за цел замокот да биде наменет како место за перформанс и почитување на делото на Вагнер. Внатрешните ѕидови на замокот се украсени со фрески кои ги претставуваат легендите зад Вагнеровите опери.

Richard Wagner - Tannhauser- Overture

Друга митологија која била важна за Лудвиг е Танхојзер (опера напишана од Вагнер за средновековната легенда) и Кралот Грал (средновековна легенда за сиромав човек кој се искачил на тронот бидејќи имал чиста душа. Тој постигнал успех, освојувајќи внатрешни битки за да го совлада гревот).

Ако сакаме да го психоанализираме кралот Лудвиг, сé што треба да направиме, е да погледнеме во неговите дневници. Оттаму ќе ја откриеме поврзаноста со Кралот Грал. Имено, дневниците ја опишуваат внатрешната битка на Лудвиг, со цел да ја потисне својата хомосексуалност (нешто што тогаш се сметало за нелегално и неморално).

Друг феноменален дел од внатрешноста на замокот е пештерата – ходник од вештачки карпи и водопади, долж коридорот на замокот. Овој дел, што помалку наликува на тематски парк, потсетува на средновековната митологија на Танхојзер.

novolebed

 

Амблемот со лебед, е исто така важен дел од замокот – цел агол од дневната соба на големиот замок е посветен на оваа птица. Тој не ја претставувал само чистотата како во христијанската литература, туку и ликот на Лебедовиот Витез, кој бил дел од Вагнеровата опера Лоенгрин. Лудвиг се идентификувал  со овој витез, чија трагедија и пропаст била неговата вечна осаменост. Нојншвајнштајн всушност значи „Нов Лебедов Камен“, а Лудвиг сеуште се смета за Лебедовиот Принц или Лебедовиот Крал.

Замокот никогаш не бил завршен. Иако изградбата започнала 1869 година, работите бавно се движеле од самиот почеток. Првичниот план бил изградбата да трае три години, по кои Лудвиг ќе се всели во својот нов дом. Но, до крајот на 1800-те години, проектот се нашол во големи долгови, кои се проценуваат дека изнесувале 14 милиони марки. Кралот Лудвиг сепак бил премногу тврдоглав (или премногу луд) да ги признае овие финансиски потешкотии. Во прилог на сите овие проблеми, настал уште еден – замокот меѓу другото претставувал и храм посветен на Вагнер и локација за неговите концерти, но Вагнер починал 1883 година и никогаш не стапнал во него.

Во 1886 год, кралот Лудвиг II е прогласен за луд. Дали навистина бил луд или не, е оставено за дебата. По дијагнозата, бил принуден да го напушти замокот, а три дена подоцна починал под крајно сомнителни околности.smrtta

Кога починал, замокот сé уште бил во фаза на градилиште. Од планираните 200 и повеќе соби, само 14 биле готови, а голем дел од замокот останува незавршен до ден денес – собите на вториот спрат се недостапни за јавноста, бидејќи се само голи тули.

Поради големите направени долгови, само неколку недели по смртта на кралот, неговото семејство го отворило замокот за туристите. Работата да се заврши надворешноста на замокот, продолжила откако почнале да доаѓаат првите туристи, а оттогаш, Нојншвајнштајн прераснал во една од главните атракции во Германија и светот.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Галерија:
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.