Валенсија, градот на уживањето

Валенсија се наоѓа во источниот дел на медитеранскиот брег на Шпанија – трет град по големина, кој со своето централно јадро и интимна атмосфера е добредојден за сите туристи. За љубителите на Шпанија и нејзината култура, можеби неприфатлива вест е дека Валенсија ги нема оние уникатни атракции кои можат да се видат како во случајот со Барселона, но секако дека нуди одлично искуство и доживување.

Escudo_de_Valencia_2.svg

Се наоѓа на два часа оддалеченост од познатото одмаралиште Аликанте, или од главниот град Мадрид и само три часа оддалеченост од големата Барселона, што значи дека до Валенија можете да стасате многу лесно и брзо, доколку најдете еден ден во вашиот распоред. За возврат ќе добиете прекрасна храна во едни од најдобрите ресторани, прошетка во музеи, пријатна атмосфера и секако – дополнително искуство.

Започнете од стариот дел на градот – од центарот со двата познати плоштади Plaza de la Virgen и Plaza AyuntamientoPlaza Ayuntamiento е главниот плоштад на Валенсија. Располага со импресивно градско собрание, познат е како синоним за добро цвеќе и е централно место на многу настани и збиднувања од културниот живот на градот.

Едно од тие збиднувања лоцирано на овој плоштад е Las Fallas  фестивалот кој се одржува од 12-ти март до 19-ти март, каде се изложуваат склуптури од хартија, текстил и други материјали, чија цел е да бидат показател на општествена критика и сарказам. Карактеристичен е завршниот ритуал, вечерта на 19-ти, кога фестивалот се затвора. Сите овие склуптури се горат на полноќ – веројатно со верување дека на тој начин ќе се избркаат лошите сили, ритуал кој Шпанците го нарекуваат  „La nit del foc“.

plostadi

Значајно обележје е катедралата Валенсија за која се вели дека е дом на Светиот Грал. Лоцирана е на плоштадот Plaza de la Reina, во центарот на градот. Влезот нема да ви го наплатат, а околу неа има безброј убави ресторани и продавници за сувенири кои сигурно ќе ве намамат да влезете. Валенсија го има и Градот на Науките и Уметностите – културен центар и нејзино архитектонско наследство. Во овој голем културен центар ќе го најдете најголемиот аквариум во Европа. Домаќин е и на IMAX кино, а располага и со научен музеј.

gradotnaumetnostite

Во Валенсија нема бркотница. Oвде животот држи завидно ниво. Сите се некако опуштени. Се чини медитеранската клима им годи на сите. Градското пристаниште е уште еден доказ дека градот живее со посебна енергија во секоја доба од денот. Тоа е местото каде можете да прошетате и да го вдишите медитеранот. Пред неколку години, пристаништето е обновено и е домаќин на Формула 1 Гран При секоја година.  Уште едно место за посета е познатиот пазар Mercado Central, карактеристичен по својата пространост, по ниските цени и одличниот избор на свежа храна и морски плодови. Бидејќи Валенсија е срцето на угледот на Шпанија за надалеку познатата медитеранска храна, а се верува дека најпознатиот шпански специјалитет доаѓа токму од тука, тогаш повеќе од сигурно е дека треба да го дегустирате вкусот на традиционалната paella, приготвена најчесто од жолт ориз во комбинација со зачини и повеќе видови на месо или пак морски плодови.

Paella_rectificacion

Шпанија е прекрасна, со богата култура и секако со прекрасна храна. Ако велат дека љубовта доаѓа од стомакот, тогаш повеќе од сигурни сме дека Валенсија може да ве натера да се заљубите во неа и секако, да се вратите во некоја наредна прилика.  Ни следуваат убави сончеви денови, па имајте си ја на ум величенствената Валенсија како ваша следна дестинација.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.