Темза Таун – Дали овој, навидум англиски град, не е во Англија?

Со своето звучно англиско име и архитектура од дрвени куќи, со естетски дефинирани камени катедрали и комплексно испланирани градини, доколку го гледате низ слики, сигурно ќе се запрашате во кој дел на Англија се наоѓа овој град. Интересно е што овој град, не само што не се наоѓа во Англија, туку не се наоѓа ни во Европа.  Всушност, не станува збор ни за град, туку за помалку чудна, навидум средновековна населба, лоцирана толку далеку од Лондон, колку што не можете да си замислите. Верувале или не, станува збор за предградие во Шангај, Кина.  

Неговата изградба била овластена од  Кинеската Влада, како дел од проектот за создавање туристички атракции, а „лажниот” Темза Таун, изгледа толку детално и автентично изграден, што дури и вистински Англичанец би можел да се подзамисли.

temzataun

 

Темза Таун е еден од „деветте градови” од педгодишниот проект на кинеската влада кој траел од 2001 година до 2005, со идеен план за изградба на девет села, секое од нив со тема од европската култура, лоцирани околу периферијата на Шангај. За да ги надополни другите населби, кинеската влада одлучила, покрај скандинавската, италијанската, холандската и другите населби, да ја изгради и Темза Таун на 30-тина километри надовор од Шангај.  Гледајќи ја од страна и шетајќи низ улиците, се добива впечаток како да патувате низ времето, дел поради деталноста и автентичноста и дел поради фактот што сте дојдени во Шангај, а имате чувство дека сте во Европа. Располага со ресторани, односно познати англиски пабови, со цел да ги придобие туристите, но и покрај макотрпната работа на деталите во изградбата на Темза Таун, тој е „град на духови“ во повеќето денови во неделата.

Темза Tаун се наоѓа во округот наречен Сонџијанг, релативно нов и недоволно развиен дел од Шангај. За да стигнете до овде, ќе ви биде наједноставно да ја фатите линијата 9 на Шангајското метро. Целта на ова предградие може да се толкува и како обид да се одалечи населението од централното подрачје на Шангај и да наметне нови навики на домување.

temzakolaz2

 

Дали вреди да се искористи дел од патувањето во Шангај за посета на Темза Таун?  Оставаме на вас да ни ги кажете вашите комплетни впечатоци од кои ќе можеме да донесеме заклучок дали овој проект на Кинеската влада ќе ги оправда очекувањата и секако средствата за неговата изградба.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.