Шарените покриви на Рејкјавик

Рејкјавик е многу повеќе од само една обична дестинација. Тоа е место за возбудливи можности, особено доколку сте љубител на различни спортови. Опкружен e со неверојатни пејзажи и природа која го одзема здивот. Најдоброто време за посета е периодот од јуни до август, а искуството на другите кажува дека не само што ќе уживате во несекојдневната природа и погодноста од лековитите геотермални води, туку ќе доживеете и единствено искуство – долгите денови на 24 часовна сончева светлина, која се случува од крајот од јуни до почетокот на јули.

rejkprva

Овој главен и најголем град во Исланд, е и најсеверниот главен град во светот. До XVIII век не е карактеристичен некој голем урбанистички развој на градот. Бил основан во 1786 како официјален трговски град и оттогаш постојано се развива. Во текот на следните децении се трансформира во регионален, а подоцна и во национален центар за трговија. Уште еден доказ за неговата посебност е тоа што спаѓа во групата најчисти, најзелени и најбезбедни градови во светот.  И уште нешто… нема град со пошарени и поубави покриви во Европа, а може и пошироко.

Од местата кои мора да ги посетите сите, ќе ви ја препорачаат долината Elliðaárdalur. Тоа е бујна, рекреативна област, популарна за пешаци и велосипедисти. Се наоѓа во границите на градот, а се карактеризира со специфичен риболов кој го овозможува реката богата со значителен рибен фонд, особено со лосос и кафеава пастрмка. Риболовот е овозможен само со лиценца која е достапна во текот на летната сезона. Секоја година на 1-ви јуни се отвора од страна на градоначалникот на Рејкјавик, а завршува на 31-ви август.

vtora

Имајте на ум дека риболовот е можен и во близина на езерото Elliðavatn и езерото Reynisvatn. Уште една атракција поврзана со вода е геотермалната област Krýsuvík, каде ќе се сретнете со вулкански отвори и топли извори кои се особено картактеристични за оваа област на Исланд. Се простираат помеѓу карактеристично, обоени ридови. Овде постојат добри информативни табли како да стигнете до термалните извори, со експлицитно објаснување за сите важни геолошки факти. Големото испарување што излегува од топлата вода на изворите е видливо од далеку, па сето ова ги прави примамлива атракција дури и за оние со уморни нозе.

Секој град си има своја катедрала или црква, која е негово обележје. За Рејкјавик тоа е црквата Hallgrímskirkja чија кула може да се види од, речиси, насекаде во градот. Изградена е во 1937 година од Guðjón Samuel, кој бил инспириран од фасцинантните форми што се создавале при ладењето на лавата од вулканите. Така и настанала идејата за несекојдневната архитектонска градба на оваа црква.

Од понова историја особено карактеристична за градот е Кулата на Мирот или едноставно наречена „The Imagine Peace Tower”. Претставува уметничко дело, замислена како светилник на мирот во светот, на легендарнaта уметница, сликарка, музичарка и пред се активистка за мир, Јоко Оно. Дизајнирана е основа во форма на зборовите „Посакувајте Добро од каде што всушност излегува снопот светлина во форма на кула. Отворањето на Кулата на Мирот се одржа за време на приватна церемонија на 9 октомври 2007 година на островот Viðey. Кулата е посветена е на споменот на Џон Ленон. Освен уметничка вредност, ова дело денес е значајно обележје по кое го препознаваат Рејкјавик.  

IPTS-680

Дека Рејкјавик има вистински уметнички дух, говори и концертна сала Харпа (Harpa)  современа градба, пуштена во употреба од мај 2011 година. Се наоѓа во пристанишната област на градот и е дизајнирана во соработка со данско-исландскиот уметник (Eliasson) кој, инспириран од геологијата на Исланд, создава седум катна зграда од 1.000 стаклени блокови со импресивен изглед во вечерните часови, со простор за ликовни изложби, прекрасно фоаје, конгресна сала и ресторан.

Уште една атракција, која е доказ дека природата дала несебично многу во овој извонреден град е Сината лагуна, која е и најпосетуваната туристичка атракција во Исланд – извонредно место во било кој дел од денот. Станува збор за природен спа-центар, кој располага со неверојатна површина на геотермална морска вода, загреана на температура од 37 °C до 39°C.  На располагање ви се помали и поголеми базени кои се поврзани со дрвени мостови. Интересно е што тука има и барови, каде можете да се почестите со некој несекојдневен, локален коктел.

Најдобро место за јадење е ресторанот Dill, кој е особено познат како шампион во современата нордиска кујна. Карактеристичен по тоа што користи природни исландски произовoди од сопствената градина која се наоѓа пред самиот ресторан, најпознат е по специјалитетот арктичка срна, приготвена на уникатен начин.

За најдобриот и најлесниот начин да стигнете до најсеверниот главен град во светот оставаме на вас драги читатели. Можеби од кај нас и нема некоја појдовна точка до овој дел на Европа, но кога се сака – секаде може да се стигне.

Ние едвај чекаме да му се насмевнеме на шарениот Рејкјавик, а вие?

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

 

 

 

 

 

 

Видео: Исланд во 8 минути
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.