Поинаков, селски амбиент низ Обединетото Кралство – Дел 1.

Сакале или не, мора да признаеме дека Обединетото Кралство, освен своите светски познати метрополи, нуди и одличен селски туризам со малку поинаков шарм и амбиент од оној на кој сме навикнати на Балканот. Сепак станува збор за Кралство, зарем не?

Во обид сме да направиме приоритетна листа на 10-те најубави и најшармантни села низ Кралството, а доколку имате предлог слободно пишете ни.

1. Polperro

e рибарско село со сопствено пристаниште во југосточниот дел на Англија. Сместено е по самото течение на реката Pol и на само 40 километри западно од големиот пристанишен град Plymouth. Ова село е добро познато по својата идилична локација, опкружено со збиените куќи на старите локални рибари, кои го прават привлечено и автентично за туристите. Polperro е  особено атракивно во летните месеци, поради  малата песочна плажа која се наоѓа само малку понастрана од срцето на селото, во блзина на Wilcox пештерата. За не а пак се верува дека долго време била користена од страна на шверцери. Постои и мала пешачка патека низ плажата, што се користи при периоди на ниска плима и е одлично место за одмор и рекреација. И покрај тоа што зборуваме за село, ова место изобилува со саксонски и римски мостови. Tука е и Музејот на криумчарење, а за љубителите на историјата се препорачува куќата на д-р Johnathan Couch од XVI век, натуралист и дедо на прославениот писател Sir Arthur Quiller-Couch. Денес со своето заштитено пристаниште полно со шарени чамци Polperro се уште живее во духот на риболовот и покрај фактот дека туризмот е неговиот главен извор на приход.

polperoc

2. Lacock

селото привлекува огромен број туристи поради неговиот недопрен изглед. Се наоѓа на само 5 километри од градот Chippenham, датира од XIII век, а познато е по особената архитектура на куќи изградени од камен и греди. Денес, во понов век, станува обележје на  филмската индустрија бидејќи се користи за снимање на филмови од секаков вид. Тука се снимени филмовите „Гордост и предрасуда“, „Ема“ и поновите делови од филмскот серијал „Хари Потер“. Главна карактеристика во Lacock е опатијата-манастир, основан во 1229 од грофицата Ela Dowager од Salisbury, кој во 1800-та година станува сопственост на  William Henry Fox Talbot кој важел за  многу учен и влијателен  човек. Денес манастирот е само сведок на долгогодишната историја и инспирација за филмската имагинација. Ова село е родното место William кој бил британски иноватор и пионер на фотографијата. Тој го измислил процесот наречен calotype, кој ќе биде претходник на фотографските процеси на XIX и XX век. За еднодневна посета Lacock има навистина  многу да понуди, зарем не?

lakok

3. Corfe Castle

е село и парохија во областа Dorset чија панорама е доминирана од остатоците од истоимениот замок, кој во текот на годините станува oбележје и вистинска туристичка дестинација. Дизајниран е да го заштити локалното население од непријателската инвазија. Особено е интересен фактот дека селото, речиси целосно е изградено од сив варовник и се состои од само две улици именувани како источна и западна, чии краеви завршуваат со плоштад. До него можете да стигнете со возот кој е на релација London – Wareham, а потоа да фатите локален автобус кој ве остава на самиот плоштад. Истоимениот замок се претпоставува дека е еден од првите замоци во Англија изграден исклучиво од камења, за разлика од сите дотогашни замоци кои се граделе од земја и дрва, а првата поголема реконструкција ја доживеал во годините помеѓу II и III век.

zamok-korf

4. Beddgelert 

е село и заедница во областа Snowdonia, Wells. Познато e пo тоа што е  именувано по легендарното куче Gelert, кое е позната англиска раса на ловџиски кучиња. Ова село е значајна туристичка атракција поради неговата природа, особено по живописниот мост на  реката Colwyn, заедно со  устието со реката Glaslyn, а исто така и  по живописната Glaslyn клисура – атракција за туристите. Интересен е податокот дека низ децениите наназад, голем дел од областа на селото е зафатен од непознат вид на растението rhododendron, коe ја опсипува целата земја во мај и јуни. За да можат луѓето да се справат со него, превземаат активности како масовно сечење и палење. Ова е село со голем број куќи и хотели, пабови, кафулиња и ресторани за своите гости. Од 2009 година, возобновена е железницата која минува низ селото и го поврзува со градовите Caernarfon на север и Porthmadog на југот на Wells.

bettt

Тескт: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.